преживување (ср.)
Дајреџијата не го ни чу, ни виде упрекот на кафеџијата. Предаден на своите преживувања, целиот пливаше во некакво неискажливо блаженство.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Арсо се убедуваше веќе дека помеѓу нив се стопува различноста и нивните преживувања се еднакви.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во приквечерината на овој непроменлив декор од агли и суви камени ѕидишта, бликаше оној огромен свет, полн со преживувања, личности, судири меѓу нив, дива гордост, свет што преминал во минатото, но што е така јасен и жив во неговата пламната глава.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И тоа во две насоки: „правење дупки“ во смисла на поткопување и продлабочување на јазот со овдешните тотално анахрони културни монополисти, и 2) правењето дупки е вештина на преживувањето (воздух!), свест дека културите опстојуваат само мешајќи се, и дека се или коресподентни (пропустливи, „издупчени“!) и живи, или дека се аутистични, самозадоволни и - мртви.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
За воопшто да дознае што е преживување, човек пред сѐ треба да остане жив.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
- Нема - рече мајка ми решително. - Постои само преживување.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Противниците веќе не се ближни, а битката во која се соочуваат е ослободена од сите ограничувања: „Не само што премногу острата поделба на човечкиот род на раси почива на научни заблуди - затоа што мошне малку земји се настанети со жители од само една чиста раса - туку може да води и кон истребувачки и, ако можам така да кажам, „зоолошки“ војни, какви што се оние, за преживување, во кои стапуваат различни видови на глодачи или месојадци.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
- Зошто? - Затоа што е скапо. Луѓето кои се подготвени за преживување се чудна сорта.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
До сега веќе требаше да разбереме дека преживувањето на малцинствата е прашање на живот или смрт за самато општество.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Бебињата затоа имаат фантастичен талент за преживување.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Навистина, како претставување, Хирошима го идентификува уништувањето на екстремитетите и центарот на преживување каде што телото фигурира како текст.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Каков и да е текстот на преживувањето, тој мора да биде читан низ дискурсот на уништувањето.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Се искривоколчила природната оска на овој човек од премногу свивање, му се разнебитил духот, препуштен на функцијата на преживувањето, во вечно променливата сталински хиерархија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Спасените, незапрени јагули од луѓето, невидливи, брзаа кон морето, со несмален нагон на преживувањето...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Важно е да се грижиш и за нешта кои од аспект на своето основно преживување се неважни.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Многумина настрадаа, долго време криејќи ги козите, но спасуваа други семејства, со деца и со старци на кои им беше неопходно козјото млеко за преживување.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тие го дефинираат во најсуптилни црти правилото за преживување, преку борбата со суровата стварност – продолжи старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тоа е мојата надеж за преживување.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Станав дипломат со дипломи. Но требаше да се биде вистинскиот дипломат како Татко во преживувањето, во фугата на балканскиот егзил, во постојаното потврдување, во вечното прилагодување, во неизвесната одбрана на животот, спасител на семејството.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но предоцна да спаси некого или нешто, макар што на Балканот продолжуваше големата неизвесност, во Југославија посебно. И во илјадниците телеграми кои ги пишував од мојата речиси десетгодишна дипломатска мисија јас не престанав да трагам по наследената таткова тишина, во која се кријат кодовите на неговите незавршени потраги по балканската вистина, барана низ урнатините на империите, од чии падови се извишуваше надежта на преживувањето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)