прекори (св.)
Жена му, гледајќи го како се вртка без работа, го прекоруваше: - Ангелеее, - викаше таа по него.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Се здрви, во исчекување, не ли ќе заофка, не ли ќе го прекори за невнимателност.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Вечерта Марија го прекори: „Доста е. Треба да мислиш на својата иднина.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
– Кажувај, кажувај! Не е ситна штом дошла до мене – го прекори овој везирот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И обвинуваше. Што правам јас?, - ќе се прекореше и истиот час ќе го прободеше нејзиниот загрижен шепот „вечера ли?“ Не ѝ одговараше.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Како се осмели да викаш „долу?“ - го прекори директорот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- У, да би ме немало! - сама се прекори мајка му.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Цело село гори, баба се чешла - пак го прекори мајка му.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Кога го виде, се расплака и низ солзи го прекори: - Каде скиташ, бре синко? Душа не остана во мене.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Ја прежалевте мајка ти, нели? - низ солзи ме прекори тетка ми, како да знаеше дека е тоа најболно што можеше да ми го рече.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Ним им се случи та, да не можат да си дадат ответ пред жителите од околните населби кога за непрокопсаноста на Благуна ги прекоруваа: тие кои највисоко го вееја знамето против сите завојувачи, неми остануваа во таквите незаслужени напади.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Па, сепак, и покрај силното препотување, и покрај тоа што сѐ му се сплетка и измеша во главата, и покрај госпоштината со каква тој по прв пат се сретна и се уплаши од неа, реши да остане упорен и да ги прекори.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Де, бре, Сандо, уште невлезена критикуваш, - ја прекори дедо Борис кој влезе по неа, носејќи тепсија со пита, што баба ја месела и дошла да ни ја донесе додека е уште топла...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Султанот најпрвин ги прекорувал и им ги зел имотите, шадрваните, коњите и жените, потоа објавил, доколку не му ја донесат главата на ајдутот, ќе ги испообеси на железни куки или ќе ги испофрла во јами со исправени дренови колови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
– Пол? – продолжи службеникот. – Се разбира, женски! – го прекори пак шефот. – Па може да има прч! – рече првпат нешто во одбрана на службеникот. – Кај прчовите одиме со козите кај козарот Чанга, преку дрвениот мост, – рече едниот од помалите браќа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Фаталисти, вие сте штетни фаталисти, ги прекоруваа по разни поводи догматските кадри во комитетот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ме прекорија: Зошто толку пепел Зошто толку леден прав?
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
И птиците, и луѓето, и дрвјата – се што е родено на земјава, па и она нероденото, ја замоли со прекорување: “Оди си, Стара Годино.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Татко внимателно го прочита расказот, благо ме прекори со глас на тивка човечка камбана, кој не престанува да одекнува во мене: „Сине, зошто без да знаеш дали Бог постои, ти го прогласуваш за мртов!”
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Петра не е многу изненадена од неговата појава, таа знае дека никогаш нема да ѝ излезе од мислата, го прекорува Проклет да си бре дедо, врколак стар, се залости во вагонот само за сами да си заминеме и колку што сум тешка уште потежок товар ми стави на плеќи!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)