прекорно прил.

прекорно (прил.)

Ангелија прекорно и плашливо рече: - Татко ми го праќа. Бара пари.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Ех, каков ден... Вели старецот. И ме гледа. Продолжително. Сожаливо. Прекорно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Излезе Бузо и прекорно ме погледна.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Зошто пушката ти лежи фрлена? - праша и се пресегна преку него, ја грабна, се повлече во поврзниот ров, ја погледна. - Закочена, - рече прекорно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Еве, иако и натаму си ја задржува удобната положба врз моето колено, тој прекорно ме погледнува низ полуотворените очи.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Мајка ми прекорно и налутено го погледна татко ми: - Ете ти ги твоите зборови, - му се вдаде. - Дури и Бреза ги научила од тебе!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Намисли да појде кај отец Серафим да му го каже сонот, да му се исповерда, да почувствува леснина во душата, но се исплаши да не го погледа прекорно отец Серафим и да му рече: Соновите ни го кажуваат она што го мислиме...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ме погледа луто, болно, прекорно.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Како некаков намуртен виток буф тој својата публика прекорно ја посматра низ наочарите што му стојат на врвот од носот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Можев, прекорно си рече, да понесам китка цвеќе или една бонбониера. Се чувствуваше посрамотен. ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ме погледна зачудено Масим, синот на стрико Бојан, ја подотвори устата во чудо, ги ококори очите и прекорно ми рече: Какво писмо ти пратил татко, кога тој почина пред една година во Домот за старци во Катланово, го погребавме по сите обичаи на градските гробишта, му правевеме помен на четириесеттиот ден и парастос на годината од умирањето?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ама она му ги слуша неизговорените зборови, ти се колнам, оти пред малку, додека таа го спомена името Дончо тој прекорно заврте со главата, а кога слушна дека не се во исто одделение само што не скокна од радост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Така зборува повисоката жена, сепак строго и прекорно. Кожата на лицето ѝ е остра.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Детето молчи, но мајка му спомага: - Мими, да си се сетела да му донесеш нешто, - вели таа божем благо прекорно, но испаѓа тврдо и смислувано.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но не мируваат лошите очи на Петрета, тие му наѕираат прекорно в душа: зошто се губеше ти во напразни сништа, зошто не одеше устремено со гради накај неа до оној миг кога градите ќе се допрат, зошто не сруши сѐ заради необичноста, да заборавеше дом и име, чест и спокојство, пуста пајажина?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ја погледнува прекорно мајка си и заминува во својата соба.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повремено таа прекорно го погледнуваше со што траењето на глетката му ја прекинуваше во секвенци во кои таа нему му изгледаше уште повозбудлива.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)