прекуноќ (прил.)
Беше тешко, речиси невозможно, новиот режим овие луѓе, прекуноќ, да ги преобрати во замислената работничка класа...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Длабоко во себе тој можеше да се согласи со новата власт: за што ги растура куќите, имотите, семејствата, па одново ги обединува во нови неприродни врски, заедници, а преостанатите планинци, кои нема од што да ги раздели освен од козите, ги тера да слезат во градовите и прекуноќ да станат нова класа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Интимно размислуваше, но се плашеше често на тоа да мисли, дека некој дамна, дамна згрешил кога решил богатите прекуноќ да станат сиромаси, а сиромасите богати.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)