премал (прид.)

Обично, додека раскажуваше бавно и рамномерно, без нагласување на одделни зборови за кои можеше да се рече дека се судбински во настанот, ја стискаше запалената цигара со тврди прсти - жарчето му доаѓа до пожолтените нокти на палецот и показалецот; тој се средува за нова реченица, бавна, на исто гласовно ниво со другите зборови, пали од премалиот отпушок следна цигара.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да бил бессилен да ги ослободи жилите и месото од грч и со матни очи барал капка роса скриена од сонцето под лански лист, да ги допре усните и да го убие огнот на пониженоста и мислел - бил млад, остарел, се намалил, премал ќе се удави во таква капка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јаков Иконописец, сега со мудречка неизвесност на лицето, жолтеникав и мал, премал и за бостанско плашило, ги подал рацете кон петте сонливи старци што се доближиле со израмнет чекор. - Одбранете ме, стриковци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Козлето се искачи високо на сртот, влечено од инстинктот на дивите предци, па куќичето на Сеген и се виде мало, премало, па точка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Било која фиока да се отвори, за Burroughs е премала.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да не биде дебел и скржав, да нема огромен раст, но и не премал, да ја сочува пропорционалноста во сите делови на телото и да има чисто, од ништо ненагрдено лице, ниту со брадавици, ниту со (Боже чувај!) штетни приштеви.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Проценете умно – премал сум и преслаб, Ни со суво сламче не можам да веслам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Списокот на авторите кои со оваа тема отворија ново поглавје во уметноста е голем, но просторот што овде го имаме е премал за да може да ги опфати баш сите значајни имиња (а и ги има многу).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Маја Како ли блуеше оган во нашето море; млада миризлива струготина, сирова болност во премалата светликавост на сините листови.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Те љубам. И сказанието е премало да те иссонувам, да ме допре благостта...
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)