пресен прид.
пресени св.

пресен (прид.)

Пржено ли пиле, јајца, младо л' тл'сто јагне, млеко ил' кисело, л' пресно, баница ил' мазник, или пресен леб домашен, в подница испечен, пресно ил' сирене, ил' масло кравско или овчско, сѐ, што сакат ага-Турчин, сичко да му дават.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Но тија росни утрини пресни копнат во гради и тлеат.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
И в таја мугра пресна да екне дружна песна на дружните удари - та бијат срца млади и растат силно гради пребликнати со јад!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
По утрини росни, по мугрите пресни, наведени ничкум по полињата родни зачмаени ние го береме.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
— Абре, не ми се поплака, токо од ка се врати откај тебе чупето, не се држи. Море пее, море скока, море шетка, место не го ваќа, ене го, го грабна букарот и крши лејка, по вода отиде, ако беше п'н букарот пресна вода.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ти, — ѝ вели тој, — сега засега, дури си пресна, баре за еднадве недели, слама нема да вадиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кон осум девет саатот црквата се наполни, Тие што имаа „пресни мртовци“ донесоа пченица и поскури да ги препее дедот поп и да им раздадат за душа, некоја невеста дошла да си прави молитва со малечкото на шест недели; други ќе крштаваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повелете, што се вели, мевце пресно каснете, посилни ќе станете и подолго ќе живеете!...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од таа вода низ кожата ќе пробие зелена тишина - мека трева, зелен покрив над пресен гроб.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Стврднат како да ја чека смртта, мислеше дека ноздрите му се полнат со кисела, пресно ископана земја и чекаше - можеби веќе не ќе се пропнува проклетото `рзнување од кое се умираше побрзо и од острицата на зракот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Месечината беше пред мена и, во својата последна полноглавост за тие летни мигови, го исчекуваше својот необичен познајник за весела игра од која собата мирисаше на пресно ископан гроб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Отпрвин сеќава на подолги интервали, а потоа забрзано, струјкање на пресен воздух.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој си ја клава дланката на отворот на цевката за пресен воздух. Не сеќава ништо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ако го сретнеме, мислеше, ако биде среќа да го сретнеме, ќе можеме да ја преживееме тука и целава зима, едноставно да си останеме овде сѐ додека еднаш не разјужи, а пак ако разјужи побргу, тогаш ќе можеме да си однесеме и дома, заедно со една добра свињска кожа, уште неколку килограми свињско месо, пресно и замрзнато. Ајде, си рече сега, добро, ќе видиме.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пресното месо на растргнато јарче, од кое таа не можеше ни да лизне, иако ѝ стоеше на дофат, мирисаше толку густо и раздразнувачки, што таа многу посилно ја сеќаваше таа миризба што опијанува, отколку болките од своите лути рани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Изеде со тешка мака дваесет желкини јајца, половина коза, осумдесет банани и неколку килограми пресна зелка.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Приспособил потоа дел од кошарата, направил огниште и до крајот на зимата живеел крај секогаш запалениот оган, во кошарата, прехранувајќи се само со по некое компирче без сол, по некое јаболче и со пресно млеко од овците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога им беше сув лебот, летно време кога имаше матеница и пресно млеко, дедо му често го дробеше, па така, натопен во матеницата или попарен со врело млеко, лебот се изедуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За тоа време и Денко се врати, а на огнот меѓу двата шатора веќе се вареше пресното млеко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но освен дирите и по некоја пресна брболанка ништо друго не најдоа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе