пресоблече (св.)
Кога го пресоблекоа Илка, по кожата на телото му забележија истетовирани разни фигури: лав - за да го штити од зло; птица - за да го пази од загубување; змија - за да го брани од болести; четирилисна детелина - за среќа; сонце - за долг живот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Жена му на Китан знаеше дека жена му на Танаил, како и другите жени во селото, се подбиваат, се исмејуваат, и затоа утредента по свадбата, кога станаа младенците од спиење, отиде во нивната одаја, ја натера невестата да се пресоблече, ѝ ја зеде кошулата, и кога виде дека на неа има крв, светна од радост, ја зеде кошулата и истрча во дворот покажувајќи им ја на сите луѓе дојдени на блага ракија; им рече на тапанџиите и на свирачите да свират, и таа држејќи ја кошулата високо крената, започна да игра оро.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Во периодот кога Петар Велики ја стрижеше руската аристократија и ја пресоблекуваше од традиционалните кафтани во облека по европски вкус (во 17. век), дихотомијата меѓу автохтоната словенска култура и западните влијанија го дефинираше стилот на рускиот интелектуален живот во тоа време.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
И мажите и жените се пресоблекуваа во полутемнината без да водат сметка дека нешто може да им се види, го правеа тоа махинално, набрзина, жените сувите фустани прво врз глава а мокриот под него полека го смакнуваа и немаше што да се види, ама мажите не само што не се срамуваа, туку тоа го правеа и со некое задоволство, ако некоја сака да види нека види, ако не сака има раце, нека си ги стави на очи.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Чана ги пресоблече внучињата на Петра, зад себе во ќошот ги стави врзаните кокошки кои ни претаа ни кокодакаа, Добра го затопли Ленчето, а мажот ѝ ги собра мокрите алишта од внучињата на Петра и од Ленче и појде крај огнот да ги суши.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Никого не видов испран и пресоблечен во ново.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Преземајќи ја сета вина на себе, не собираше сили да ја споделува загубата по синот со жена си, колку и таа со очите да го молеше за тоа. Ѝ ја препушти грижата за помалата ќерка нејзе, како што се отуѓи од сопствениот дом, навраќајќи не толку да се види и да преспие со нив, колку да се пресоблече и да ја избричи повеќедневната брада.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Од себе сѐ уште не го вадев фустанот и не се пресоблекував за дефинитивен сон.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тој се пресоблече, ме прегрна и јас тогаш помислив дека ќе ме земе со него.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Оваа овде, која денес ни служи за пресоблекување, е Големата сала, во која доктор Гете понекогаш ни држи предавања, ни го толкува лудилото, мисли дека така ќе ни помогне да се разбереме себеси.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од ѕвездите и чуварот ноќен Гласот го обојува утрински Телефонирајќи здодевно И бесцелно за да го успори чекорот Оттргнувајќи го погледот од улицата Ја пресоблекува влажната кожа Ја везе со усвитениот знак на плотта И ја слуша песната на петелот Вивната во крвоскок до небеса
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Тренинг Го пресоблекувам паметот во лесни мисли.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)