претполага несв.

претполага (несв.)

Јас мислам оти ние треба да бидеме лојални кон Турција, но претполагајќи оти турското правителство и народ ќе разберат најпосле оти интересите на нивната држава во Европа се совпаѓаат со нашите и зависат најмногу од нив, а не си противречат, и затоа Турците први ќе треба да го докажат искреното сакање да се во мир со нас и со тоа да ја заслужат нашата поддршка на нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако е така, тогаш претполаганиот окупационен одред на чие гледиште ќе треба да застане?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Претполагаа дека ќе ги стрелаат, можеби ќе им ги пресечат главите со јатаганите и после ќе ги закачат на колје за да се плашат ѓаурите од власта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Претполагам дека и сега е во Централниот комитет, како тогаш...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И не се излага Иге. Толе ја прегази прв Црна баш на Скаклевите воденици каде што претполагаше и Ѓорче, и под самото Чаниште ги дочека четите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Можно е, пак само претполагајќи, и пак потпирајќи се само на општите историски податоци, зашто конкретни, веќе видовме, нема, дека Солунското кралство односно Латинското, во времето на Бонифациј Монфератски, во 1204 година, кога го завојувало и овој дел на Македонија, со поткуп, со принуда, или на превара претците на денешниве жители на Потковицата ги правело во католичка вера, но по неговото исчезнување од исторската сцена, нивните потомци, во текот на времето, одново се вратиле на православни верски традиции, а како драг спомен на своите претци, и на тие можеби добродетални времиња, ја запазиле и ја честуваат Латинска Црква?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Што најдуваа, може само да се претполага, зашто тие копаа скришум од жителите на Потковицата, забранувајќи им, со џандари, и да приѕнат на Градиште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Претполагам дека знам што е и каква е една вообичаена треска штом ќе наидам на неа“, рече докторот со студен, авторитетен тон, проверувајќи му го пулсот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Па подобро тоа отколку воопшто да немаш име, претполагам“, ги набра рамениците.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Довршувањето претполага интерактивност: твојата задача е да комплетираш нешто за тој миг во времето.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Авторот претполагаше дека меѓувремено се покренало прашањето како и зошто Едо Бранов бил сменет и на негово место донесен Граматниковски.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)