претрес м.
претресе св.

претрес (м.)

Ако ги земеме новините од времето на публикувањето на февруарските реформи до и по објавувањето на востанието во Битолско на 20 јули9 и ги прегледаме во нив телеграмите од Стамбул, тогаш ќе видиме оти Портата10 постојано им претставува на рускиот и на австро-унгарскиот амбасадор списоци од битките на турскиот аскер со четите, списоци од најдено оружје при претресите кај населението, списоци од убиства извршени од четите над мирното население.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Полицијата ќе испита. Му вршат претрес.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Станува, оди до вратите, наслушува зад нив и откако ќе се увери дека таму е сѐ мирно, пристапува кон претресот на креденецот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Уште првиот ден од претресот Глигор го забележа тоа... ...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таков навлегувал и во куќите на балистите, со кои до неодамна се војуваше, а сега или беа изгинати, или избегани, или пак позатворени, а тој вршел претреси и кажуваа потоа, не им проштевал многу на оние, што ќе ги нашол дома и на жените.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Не знаев, не знаев дека ќе извршат претрес ... - се тресе Калчо во нејзините раце.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сега заедно се движат и заедно вршат претрес по куќите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Најпрвин таа почна со претреси по куќите: го собра скриеното оружје, а потоа се зафати со евиденција: колку жители има селото; како се чувствуваат: Срби, Бугари, Грци, Македонци; колку има: слепи, глуви, сакати, неми, мрднати.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Претресот траеше неколку векови. Проклет да бидам, неколку векови.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Овие одликувања, кои ссами Боше и татко ѝ на Драганка му ги предале на Петрета, за тој да ги донесе во Потковицата и да им ги предаде на нивните, во куќата Јанческа се чуваа сѐ до 1924, кога, при еден претрес, српските џандари ги најдоа и ги зедоа со себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Престануа да ја кубе тревата, го крева погледот и отворено ги гледа првин Максима а потоа и Костадина Дамчески: Ако ги оставев да ме отераат на ујќумат, вели, тие таму ќе ми направеа претрес.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа секој го знае, но и сите добро се пазат да не направат нешто со што ќе ги предизвикаат властите да им прават претрес.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дојдоа и кај нас да вршат претрес.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можеше да се најде ниту козле, според комисиските наоди сите беа одземени, убиени при поранешните упади и претреси, преостанатите беа слеани во големото стадо на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Забележав дека во комшии прават претрес.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Полицијата, правејќи во овој реон претрес, ненадејно влезе во неговата соба, го уапси и најде извесна количина динамит.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Пооди тој автобусот така што пооди и слушам тој агентот свика: „Стоп!“. Претрес и преглед ќе прави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Претресот во означената куќа не дал резултат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Ќе го јаде стапот. Сигурно и дома ќе му напраат претрес.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Првин се погрижив детално да го пребарам домот на министерот; најголемата непријатност беше тоа што претресот морав да го извршам без негово знаење.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе