претрча св.

претрча (св.)

По неа секој час претрчуваа бригадирци со полни количиња земја, ја исфрлуваа зад насипот од другата страна на реката и бргу се враќаа по друг исто таков мост на стотици метра подолу.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Славчо го претрча мовчето и излезе на широката ливада. Зракот беше тука.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Гледам врткало зајачето околу нив, грицкало изгледа млади гранчиња, потоа претрчувало до други смреки па кружело и околу нив.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
ЛУКОВ: Вие не грижете се. Вашата работа ќе биде само да ја претрчате далечината од местото на атентатот до пунктот каде што ќе Ве чека мојот човек.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Претрчај до вратата на магазинот. Оној таму ќе мора да го убиеш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Благица претрча да го смири.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
И продолжуваше така да претрчува меѓу стеблата и пак да завива на следната височинка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еден од оние претрча и го зеде.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Јас ќе претрчам до Иван... Имам нешто работа. Ти прибери го добитокот, измолзи ја кравата, надој го телето... И да не одиш нигде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По се изгледаше дека и пајтонџијата сакаше да стигне навреме макар и цркнале коњите уште неиспрегнати, та не го заставаше камшикот ни минута. Со грабаница ја претрчаа света Недела и застанаа пред анот на Мита Црнамара отунати во бела пења, а пајтонџијата сиот гола вода од пот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие ќе се стаписаат лево и десно, останатите триста пушки ќе припукаат одозгора и бумбашите ќе го претрчаат обрачот, ќе се распрснат во стрелци зад грбот на потерата и ќе дадат оган со своите пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите, притоа, избезумено се погледнувавме, се фаќавме за рака, како тоа да може да ја намали опасноста, а понекогаш како луди претрчувавме по улицата, само донекаде и пак се враќавме назад.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На големиот одмор бев во искушение да претрчам до дома и да видам што направија.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Еден селанец претрчува до војводата и му кажува: вака и вака. --Вистина? Вистина!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Покрај мене претрчуваат војници и викаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој човек, кој со леснина претрчуваше толку милиони километри, планини, реки, полиња, што како елен совладуваше големи трапишта со вода, кој на чудесен начин можеше да пролета низ кални, тешки патишта, низ трње, низ дождови, низ лапавици, со секавиците да се гони, беше жално, беше очајно да се гледа како се прпелка во малото, смрдливо сопче.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Некој од неговите скорна еребица; мајката, вабејќи ги по себе малечките, го претрча стрништето и се сокри во нежнеениот дел на нивната.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги претрчувам улиците. Ја буткам капијата од дворот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
...затоа овие текстови настанати колку што е можно повеќе во процесот на сопственото ослободување од дистанцата ги чувствувам како разоткривање на мојот пат кон новата проза па ја молам почитуваната редакција да ги прифати како мој предлог во поттикнувачката дискусија што започна да се води на страниците од вашето значајно литерарно гласило... искрено свој, зошто ги сакам кроки цртежите или како да се претрча тревогата од разделбите ...сочноста на зрелиот плод впиена во белината на хотелските соби сокот од нутрината излиен попатно танц фигури во постелината во воздухот допира против вечноста летот на недопуштената цигара кон езерото жарот и водата во неподносливоста куса и жешка средба...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
И како ништо друго да не беше живот освен меко претрчување на невидлив стаорец и некаков шум на ноќна птица врз покривот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе