претстои св.

претстои (св.)

Овој им се заблагодари што го избраа и во оваа година, им напомна дека по ослободувањето на Анѓа кадијата сигурно ќе ги нападне, та според тоа им претстојат тешки борби.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Задачата што ни претстои е од таков карактер што бара Вашиот сопруг, токму поради тоа што е еден од најистакнатите работници во нашето легално движење, да не биде замешан во работата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А можеби ни претстои и некое убаво откритие.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Прерано е да се предавам. Уште ми претстојат тешки часови.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не се чувствуваше најдобро, иако ништо не го болеше, но смееше ли да мисли на себе и на некаква нејасна слабост кога толку многу работи му претстојат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А никој друг тоа не го знае, нема кој да ги предупреди моите, да им каже дека претстои сотирање на мојата лоза.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Горе на чело, меѓу нив, црна точка е претседателот на Републиката кој искрено се радува заради чинот што му претстои, чинот да ми ја додели лично највисоката чест што воопшто може да се додели: забратката за вонредни заслуги.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сега мене во овој мој посмртен живот можеби ми претстои да гледам токму еден таков филм сниман и премонтиран од сликичките на целиот мој животен живот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Спикерот продолжуваше: – Другарки и другари, селанки и селани, младинки и младинци, ни претстои голема сенародна акција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние навистина веруваме дека на Македонија, во потрагата кон една сериозна, длабока (и во длабочина и широчина) и коресподентна со светот култура, ѝ претстои широко премерување и проблематизирање на сите досегашни вредности (не затоа што го променивме политичкиот систем туку затоа што тоа е перманентна задача на било која култура: проблематизирање и чување!) Ако има помош - пеки, супер!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Така што, мили сестри и браќа Македонци, нам допрва ни претстои да учиме како се зборува, респектирајќи ги потребите и јазикот на оној другиот. 102 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сега претстоеше вториот дел на планот или, поточно, на рударското востание – пресметка со лажното чудовиште!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сѐ уште сме под прагот на будење -: дури и таа крајност допрва претстои.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Хирургот во автомобил доцна вечерта на студентот: „Ни претстои уште една одвратна работа.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Како да не им претстои разделба. Си мислеше...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ох, колку беше убава таа вечер. Ја тераше да заборави на сите грижи. На сето лошо што ѝ се случуваше до скоро. На она неизвесно што претстои.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Фашизмот сигурно ќе биде совладан, но претстојат и нови неизвесности...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ми претстои најтешкиот дел од патот, во потрага по пределот што го нема!“
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко, почувствува дека му претстои уште една тешка битка на патот кон вистината, кон таа балканска вистина во која да не е никогаш докрај да, како што не, не е докрај не !
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Навистина беше изненаден и веројатно се чувствуваше како кондуктерот, кој гледа во возот што се одалечува, го испуштил а му претстоеја на многу секојдневни обврски..
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе