пречи (несв.)

И нема да дозволам, еве, на зборот си стојам, смртник да пречи од сега“.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Државите различно гледаат на прашањето, а тоа разногласје пречи за еднодушен притисок врз Портата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
После, таквото присоединување на цела Македонија кон една од балканските државички не е возможно – другите државички ќе му пречат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Вистина, четите ги избегнуваа битките, но тоа уште не значи дека не пречеа да се воведат реформите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа им пречам на многумина! Затоа и се повлеков...
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Заслепителна светлина од џепна батерија му пречеше да види кој е.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Баждар (не му го знаевме вистинското име) се исправи пред мене пречејќи ми да влезам во широчината со три накривени багреми, бедни во зеленилото и полни со мравки по испуканата и брчкава кора, со јама за ѓубре, со излупена каросерија на стар форд.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- А ти придржи го за раце, ми пречи да го лекувам. Од каде сте вие?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Само да ми го видат очите ошче еднаш, та не го пушчам од раци, сто мајки и сто татковци да ми пречат и мене и нему.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така си оставаа „зад врата“. Но тоа ништо не им пречеше на Сукаловци и тие си одеа, си работеа, си печалеа и си имаа од сѐ по малку.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се најдов во небрана — изненадена сум невела — не чини неј — нив непара — не толку нетоп — невестински украс од тенеќија кој ја заменува короната ниа — оние нии — нив нуна — кума (делхинутив — кумица) нишан — знак нишка — нит, нитка на платно нишчелки — направа на разбој за ткаење ној— оној ногашчка — наплеток од косата обрецнам — врекнам, нависоко ќе проговорам обрус — долга везана крпа со реси од која се прави чалма на главата одер — врста кревет на столни ногари закопани в земји на кој се чуваат алиштата и покровите во визбата одвраќам вода — басна на вода за да се мени положбата во која се најдува озастра — утринава онбашија — турски војник десетар — каплар опурчак — искинат опинок кој веќе не се носи оралиште — место каде се игра оро ораџика — жена што игра оро орјатка — погрден збор за жена со која друга жена е скарана орман — густа гора оужје — накит олепела — лесна клетва осмак — мера за жито 50 оки отпуст — поповска песна пред свршетокот на извесна. служба павти — женски накит од сребро и бакар пагурче — сад за ракија пазамарка — џеб на селска кошула пајвани — ортомчиња со кои му се врзуваат нозете на коњ да оди раван — ситно парка — што ѝ е, што ѝ пречи да направи нешто паскурник — шара за шарање поскури пачавриче — книжулче, може и крпче од ткаенина пашит — без самар коњ, маска, магаре пералник — котел во кој се топли вода за перење песјачка — погрден збор за жена со која друга жена е карана петле — во онаа см. наполеон — пара златна француска со петле на неа петравил — епитрахил петреви гаѓи — горско цвеќе пинок — опинок плак — старец плетва — трева во сеидбата поврзало — врвца на торба или вреќа, како и на огламник на добиток подвеска — дел од селска облека.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа никако не можеше да се сети на мелодијата од првиот нивни танец, тој ѝ пречеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Детето му пречи, тој нема сила да се врати и да го набрка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога се наведна над полупокриениот човек, почувствува дека белата маска му пречи да дише.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Пријателе, вели келнерот гледајќи од висина. - Вие им пречите на гостите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И писнаа гласно да тажат. Присутните не им пречеа зашто така е адет.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На старицата не ѝ пречи. Ни возовите. Ни децата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Копнежот, големиот, несовладив копнеж, да ги излее во работата трепетите на своето срце, го имаше маѓепсано Велета: му пречеше до крај да го согледа животот, макар не еднаш да го имаше сетено тој на својот грб неговиот камшик...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
3. Оставете ги децата да доаѓаат кај мене и не пречете им зашто нивно е царството мое...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мене, меѓу другото, ништо не ми пречи да испратам, уште денеска, некој друг кај неа? Да речеме: Методи!
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Повеќе