пречка (несв.)
Море што се пречкате тука, дајте ја ваму јас ќе ја пресечам. (Ја грабнува погачата, сече и фрла пред секого по едно парче, а останатото ѝ го дава на Ката).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Бавно вечераме и се пречкаме секогаш за исто и на ист начин - каде води сликарството на нашиот век.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се враќам од граница: пред очите уште ми се пречкаат борците што ги испратив: со тивок марш ми одат кон смртта, кон никаде да се обѕрнат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Луѓето од дружината седеле во круг со лице кон огнот, без пречкање и без ракиска подбивност.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ако настанеше по тоа пречкање, тој знаеше да се врти како ѓавол.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Така, со часови се пречкавме со Крмакот. И не се лажевме.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Салвемини немал ништо против регионалната федерација, но само ако „вториот чекор се преземе без одлагање“ и рекол дека регионалните федерации би требало да послужат само како прв чекор во реализирањето на таа идеја, а не како пречка против непосредното обединување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Така без причина се натегавме и каравме околу тоа. Двајцата бевме нервозни по природа и често знаевме да се инаетиме и пречкаме за глупости.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Додржало кревко душиче тебе да те пречка - ама повеќе не можело - препукнало...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)