прејде (св.)
И така царица Мариа поживејала дури остарела сѐ богоугодно, и прешла у вечнија обители.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Богомолската треска ги опфаќаше преоѓајќи од еден на друг како коњска мува.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се збогува и со другите селани, го јавна коњот: сувариите по него прејдоа отспротива и заминаа долу Руда, накиснати, како војска која бега пред непријателот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Гале и Раде исто така го напуштиле своето живеалиште и прешле преку Црна, та едниот ги удрил темелите на сегашното село Галишча, а другиот — на Радобил кои, ете, биле крстени на нивните имиња.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Турците ги слушнаа и ги боднаа коњите да ја прејдат барем Црна со видело, а селаните, не знаејќи оти Јован со четата влегува, се разбегаа кој каде види — долу река — горе река.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
– И почна да му раскажува како поминаа сношти на мостот: – Разбрале, синци мајчини, дека ќе преоѓаме ние преку Црна на Светецот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Коле сѐ уште стоеше крај Буза. - Другари, - се сврте кон оние кои седеа зад него, - кој сака, може да прејде кај нас.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Јован и Толе го пресекоа долот и на мракот ја прејдоа Црна кај Скаклевите воденици.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Го прегрна Тодор Толета и го избакна. Се избакнаа и неговите четници со Толевите и Толе ги поведе по мракот сите кон Вепрчани, откаде уште истата ноќ ја прејдоа Црна и ја фатија жиовската Станоновица.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Затоа големи потери не прејдоа одовде река.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Речиси сите кучиња лаат заедно. ’Ржат, квичат, завиваат. И лаењето преоѓа преку река.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ние ги преоѓаме реките, потоците, ама не се оддалечуваме од водата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го гледам и се крстам над човекот: ќе му избега душата, ќе му прејде некаде. Го натураме вода, го прскаме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но само што тие прејдоа на другата страна и само што ги боднаа своите коњи кон ајдутските, од некаде од врбјаците истрчаа тие, ајдутите, Владимир и чупата Перуноска; се фрлија одозгора на коњите и преку чаирите ја трештија спрема врбјаците, спрема Мртвиците Чепиговски. Петерџиите со силна трка по нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Решија, одејќи по брегот на блатото, да изнајдат газило и да прејдат на другата страна; најпрвин, ако стигнат, да ги уловат коњите, потоа да бараат, да го пребараат сето поле и да го фатат жив Владимира.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И ќе ме прејде, ќе ме преведе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пред мене излегува Оливера Поточка, го преоѓа поточето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ама и подот е топол. Неговата топлина ми преоѓа на лицето, ми ги дополнува образите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Понекогаш го вадам твојот автоматски пиштол од мојата торба и преоѓам со палецот по мазниот, евтин хром.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Професорот Роберт седна, црвен од збунетоста која преоѓаше во бес.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)