прељуба (ж.)
Кога ќе влезе штрк во туѓо гнездо за прељуба со туѓа штркелица, сите штркови му судат.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ајдуклакот не го трпат, прељубата ја казнуваат.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога ме истераа од своето училиште (споменуваа некаква прељуба) созреав еднаш за секогаш, јас, жолта тиква претврда и за секира.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Никаква прељуба не правам. Јас сакам да имам дете. Дете ми треба.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Сѐ повеќе нечистиот започнува да владее со вас, луѓе... Многу пороци и неприлежности се натрупале во вас: злоба, блуд, похота, кражби, лакомија, грев, дволичност, лаги, клевети, лицемерие, хулење, омрази, алчност, прељуби и друга нечистотија...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Се спуштаат на крилја ветрови, липал и ги терал да липаат, божествени коњи да ги здробат со огнени копита сите зла - нечесноста, богохулството, пакоста, соблазненијата, прељубата, за оние што се во срцата мајчински ќе изгрее едно поинакво сонце, но Адам Лесновец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ни беше кажано да не крадеме, да не убиваме, да не вршиме прељуба, да не грешиме кон браќата свои, оти гревовите наши носат казна, та сите ние преку Божјата казна ќе плаќаме за своите недела.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Се привикнав да постојам
ексклузивно, на Погибел
дури времето се мереше ноќе
како жена
дури со змијата ме споредуваа
со фалусот и ламјата
ја усовршив техниката
на помрачувањето, прељубата
немам причина да се натпреварувам
со луѓето, не ги обожавам идеите и предметите
како нив, но и мене ме застрашува
Диве, Ероте, песјата страна
на жедбата, ненаситоста, иштафот
и мене бесови ме беспокојат, лунки
Шејтане, постојано сакам нешто младо
- Новина, Полутка, Полнеж
устата ми запени од подигање удини
јазикот од каскање, чинки чинење
од вдахновение и празноверие
и мене ме плаши изгревот на зајдисонце
коцкањето со светлоста
за само три дена лажовен
три дена налуничав
три дена трикрак, троглав жив-отец
и мене ме тревожи што долго
веќе многу долго преврат нема
вртолун, бела ноќ
на мојов месечински, на твојот животински појас
вртелешко вселенска, машка анатемо
Сонце мое.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Прељубата природна. Питата попрскана по печењето.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Внимание, внимание - инцест и прељуба во еволутивната ниша на цицачите!
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Тој ја вдишуваше прељубата и таа му беше понудена да ја јаде на послужавник.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Без ни малку достоинство го разлеваат изворот на лакомоста, среброљубието, алчноста, зависта, предавството, љубомората, прељубата, желбата за моќ и богатство, себичноста, зошто повеќе не знаат што сакаат, нивната суетност е нелагодност на умот, нестабилност и постојан немир, без чувство за осет зошто не знаат како да ја задоволат нивната ситна душичка и светот го претвараат во пеколен амбис.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)