прибелешка (ж.)
- Ги зачував недопишаните тетратки, размислуваше Влатко, ќе имам преку цела година листови за концепт, прибелешки, вежбање и за слободни активности.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Подоцна, главно врз основа на ваквите тонски записи, како и врз основа на своите прибелешки и, по потреба, дополнителни телефонски контакти – интервјуерите изработуваа основна т.н. наративна нацрт верзија на интервјуто, која потоа, во електронска форма, му ја испраќаа на уредникот, со цел да се извршат евентуални корекции, исправки или дополнувања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За обезбедување на парично побарување може да се дозволи секоја мерка со која се постигнува целта на таквото обезбедување, а особено: (а) забрана на должникот да располага со подвижни предмети, како и чување на тие предмети; (б) забрана на должникот да ги отуѓи или оптовари своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во негова корист, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп; (в) забрана на должникот да продава хартии од вредност и удели; (г) забрана на должниковиот должник да му исплати на должникот побарување или да му предаде предмети, како и забрана на должникот да прими предмети, да наплати побарување и да располага со нив и (д) налог на носителот на платен промет на должникот или на трето лице, по налог на должникот, да не дозволи од должниковите сметки исплата на паричниот износ за кој е дозволена привремена мерка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)