привикне (св.)
Стоеше крај вратата и се привикнуваше на нешто што беше ново во неговиот живот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Никако не може да привикне на коњакот, но сега го пие, обидувајќи се да му даде на лицето израз, онаков, задоволен, како да овој напиток му е најомилен.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Знаеше дека срната е преплашена, дека ќе помине време додека се привикне, а сепак во едно паниче стави малку ченкарно брашно и го принесе пред неа.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Брашното во паницата уште стоеше неначнато, но Бојан знаеше дека штом срната малку ќе се ослободи, штом ќе навикне на него и ќе насети во него пријател, штом ќе привикне на колибата, ќе побара и да јаде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Да можеше човек уште од првиот час да се привикне на такво нешто: едноставно требаше да се биде само малку глуп и лицемерен, тогаш сигурно полесно ќе дојдеше до подобра карактеристика и сѐ што следуваше со тоа парче хартија.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Луѓето, како што тешко се привикнуваа на зимата кога долгите ноќи мораа да ги проведуваат во лежење, во здодевност, кога кусиот ден им светнуваше како бубачка и се губеше - така сега тешко се привикнуваа и на пролетта; свикнати на долго спиење, сега кога ќе станеа, се лутеа што многу порано пред да станат - веќе се разденило, сонцето се покажало, а тие не се фатиле за работа, не отишле по нивјето, не отишле во планината, не го спотерале добитокот на пасење.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Сепак, иако градите му се пони со свежина, иако снегот под него весело крцка, воздухот понекогаш му затреперува пред очите. – на градскиот заробеник потребно му е време да се привикне на слободата – си се потсмева и храбро продолжува натаму.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Ми се полнат ушите од штракањето на дрвените сметалки, го привикнувам носот на белите запршки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Татко ми тешко привикнуваше на овие револуционерни времиња кога генерации, генерации мораа да живеат откорнатички, одново да започнуваат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Нема време да се привикнуваме еден на друг...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Гледав како на фатените туѓи гулаби, заскитани во неговиот гулабарник, им ги поткаструва крилата, за да не летаат додека не привикнат на новата средина.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Минуваа години и Мајка се привикнуваше на своето самување, или само така нам ни се чинеше, или така сакавме да биде, сите ние, нејзините деца.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се привикнав да постојам
ексклузивно, на Погибел
дури времето се мереше ноќе
како жена
дури со змијата ме споредуваа
со фалусот и ламјата
ја усовршив техниката
на помрачувањето, прељубата
немам причина да се натпреварувам
со луѓето, не ги обожавам идеите и предметите
како нив, но и мене ме застрашува
Диве, Ероте, песјата страна
на жедбата, ненаситоста, иштафот
и мене бесови ме беспокојат, лунки
Шејтане, постојано сакам нешто младо
- Новина, Полутка, Полнеж
устата ми запени од подигање удини
јазикот од каскање, чинки чинење
од вдахновение и празноверие
и мене ме плаши изгревот на зајдисонце
коцкањето со светлоста
за само три дена лажовен
три дена налуничав
три дена трикрак, троглав жив-отец
и мене ме тревожи што долго
веќе многу долго преврат нема
вртолун, бела ноќ
на мојов месечински, на твојот животински појас
вртелешко вселенска, машка анатемо
Сонце мое.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Миграции
Наведнати за да ја допреме
со рацете, со очите, со думата
тонеме во безсознание
сѐ додека не се привикнеме на агонијата
лепливо индиго на амнезијата
нечитлив препис
акутна миоптија
мултиплицирани глетки
сѐ додека не почнеме да наѕираме
тихи обриси
да насетуваме смисла
а таа, пес бездомник
куче скитник
шуткана натаму-наваму
зависно од традицијата
од стомакот во гушата, во душникот
аурата, срцето
долж стопалата
по врвовите на прстите,
ко подноктица
сателитска антена
inter-link, inter-face
нешто невидливо нечујно
светликаво мрачно
мазно бодликаво
нешто кое држи до себе и до слободата
за да може да влегува и да излегува
кога ќе посака, да лунѕа
севезден
ни таму-ни ваму
разбиена идеално
дома, не-дома
таа, а не-таа
своја, а не-своја
секогаш кога ќе се разместат фигурите
ќе се затнат вентилите
огништето се згаснува
наидува поларен студ
- 51° Целзиусов
пука филмот
прскаат шавовите
напукнуваат ѕидовите
се прецртуваат границите
се митари митот!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Откако се разделил од крвта
во којашто влегувал како во матка
залудно се привикннува на гледање.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Луѓето по толку децении во Картагина, во земјата, во соседството мораа да привикнат на животот без присуството на Бургиба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Морав да се сетам како беше. Да се привикнам на осаменоста што ме чека.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Стисни ме силно во себе, со силата зголемена со масата или маката во душата и склопи ми ги очите за да го преспијам повторното привикнување на постоењето на другата половина од коренот што се искуба, па сега се сади сам, како триаголник на до вчера самоникнатите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)