приглуп (прид.)
Фер би било да се предупредат, дури и најблагонаклонетите читатели, дека овде има некои дозлабога здодевни, почетнички и деликвентни пасуси, а во исто време најмногу што можам да се надевам е дека, иако претенциозни, приглупи и необмислени, како што сега изгледаат (а и тогаш), овие приказни, со сиот свој невоедначен тек, сепак ќе бидат од корист како илустрација на типичните почетнички проблеми при пишувањето прозна фикција, и предупредување за некои пропусти што помладите писатели веројатно би сакале да ги одбегнат.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Но, си претпоставил – на својот надмен, бетидејвисовски начин – дека предметот ми е само приглуп потфат, буквален обид да ги подучам студентите како да бидат геј, наместо вистински да го согледа онаков каков што е: имено, дека е обид да се испита социјалната и емоционалната логика во особените практики што ја творат машката геј- култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)