придонес м.
придонесе св.

придонес (м.)

Тие претставуваат несомнен придонес во развојот на нашата новинарска мисла и се вградуваат во трајните остварувања на македонската журналистика.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мојот кадровски придонес за монолитноста на нашата балканска држава очигледно не е мал.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Оваа преобразба на културата во моја култура за Бенда е токму она што го обележува модерното доба и го претставува неговиот незаменлив и пророчки придонес кон моралната историја на човештвото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Прогонувањето на преведувачите на Библијата во времето кога научниците заедно ги преведуваа и репреведуваа грчките класици и римските автори, е важна алка од ланецот на причинско последичните врски кои имаа придонес за развивањето на капитализмот и падот на феудализмот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дишан еднаш рече: „Креативниот чин не го извршува само уметникот, туку и набљудувачот го доведува делото во допир со надворешниот свет одгатнувајќи и интерпретирајќи ги неговите внатрешни вредности и така дава свој придонес во креативниот чин”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Врз основа на тоа, се преувеличува придонесот на криминализацијата во големината на проблемот на наркоманијата, а со самото тоа и позитивното влијание на легализацијата. 73
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како и многу други поборници на легализацијата, Бендоу се обидува да го преувеличи придонесот на криминализацијата во разорните последици на наркоманијата, како што се криминалот и „вовлекувањето“ на младите во недозволена трговија со дрога, така што го набљудува како незвисен фактор.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Терапевтите можат да дадат свој придонес во деконструкцијата на експертските знаења, со тоа што ќе се сметаат себеси за „коавтори“ на алтернативни и преферирани знаења и практики, и со конкретни усилби да воспостават контекст во кој клиентите се привилегирани како примарни автори на овие знаења и практики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Невообичаениот приод кон детската уметност и останатите наивни уметнички дела, го збогати оригиналниот придонес на руските уметници кон интернационалната авангарда.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во англиската кинематографија, тој е единствен режисер за кого вреди сериозно да се зборува: тој е нивниот осамен придонес кон уметноста.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За ова огромен придонес имаше мојата, би рекол, чудна станбена ситуација.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Практично, ние го правиме следново, при што мојот придонес е теориски: ние ја пресметуваме генетската информација и ја пренесуваме во алгоритми. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 91
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
( - Значи, сатирата се движи од богатството на формата кон богатство на содржината, - вели Помошничката. - Токму, - блажено вели Преведувачот, затоа што се чувствува добро, а во сосема догледно време ќе се чувствува уште подобро, за што јасен придонес ќе има токму Помошничката.)
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Неговиот дедо, чиешто име го носи, има голем придонес во развојот на една машина налик на компјутер, што во Америка беше рекламирана како „Бароузовиот калкулатор”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но, сигурно дека ќе дадат свој придонес во вообликувањето на литературната топографија на овој град.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тоа е придонес кон нивната дисциплина и нивниот стил.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Во годината на раѓањето на вечниот и славен Сталин, на крајот од векот на неговото постоење, но и неговото сигурно останување во комунистичката вечност, ни претставува голема чест што можеме да ви го покажеме нашиот голем придонес во создавањето на вистинскиот нов човек ослободен од сите ропства, овој пат ослободен и од најтешкото, божјото ропство...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Успевајќи во својата книга да ја реализира оваа висока цел, авторот може да биде задоволен од себеси зашто со ова дело се дава неспорен придонес на современата мисла и книжевности во Европа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Директорот на домашниот театар, сметајќи дека нашиот молк, значи и одобрување, охрабрен продолжи: - Голем е придонесот на генералисимус Сталин во ослободувањето на Европа од фашизмот по цена на милионски жртви, но неговата уште поголема заслуга е во триумфот на комунизмот над капитализмот и империјализмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Секој обид на критиката, медиите, или на другите уметници да ја дефинираат оваа нова визија, беше попречен од уште едниот придонес на Ворхол во историјата на уметноста: неговата личност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Повеќе