придружба (ж.)
Чорбаџиите решија да се вади сноп. Спаијата и неговата придружба само што не се разиграа, а за песна веќе се знае оти турија достур.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во неговата придружба имаше некој и друг што за првпат одеа во Мариово.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Беше, сепак, некаква придружба, можеше да остане, ѓавол да го земе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој беше свидетел кога протуѓерот во придружба на гавазот му го зеде бакарот на Степана Луов, до последното котле, во кое им вареше на децата бакраданик; кога на Митрета Пожарков му ги собра искинатите покровчиња со кои си ги покриваше шесте мали дечиња; на Севдиќевци им ја црпна и последната ока брашно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се истури во смеа садриазамот а заедно со него и сите од неговата придружба.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ми се приближи со наведната глава, во придружба на мажот ѝ, дебелиот управник на моите северни провинции.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Обезбеди му најдобра придружба и уште утре нека појде на пат.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
По мене се качува и војникот што ми го присламчија за придружба.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Прв пат сум без придружба, сама.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Вистина, ме пуштаат до логорите со ранети борци на Демократската армија, но секаде со полициска придружба.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Знаевме дека бегот со големецот и со придружбата негова ќе помине отаде река нагоре та ако нè пуштеше надвор можеби и ќе го видевме.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Во САД во придружба на својата мајка држи многубројни предавања. 1963.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Не отидов во кафето. Доцна ноќта мама се врати. Со придружба.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
И уште додадов оти нема друга таква ѕверка освен човекот која покрај добриот анѓел што го има покрај себе, самиот си ја нарачува придружбата и на оној другион, црниот анѓел, кој постојано очекува работите да ги преземе во свои раце.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Третиот ден, уште на ранина, уште неосвестени од она што се случило ноќта, придружбата на мојот прапрапрадедо, неговите слуги и камилари биле исечени од сабјите на ајдутите, така што немале време ни да офнат ни да залелекаат.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Притоа во позадината на овој неозвучен слој од неговите размисли како да се движеше и рамномерното брмчење на златниот инсект; мислам дека во тој момент ја сфатив таа неодминливост: дека ниту една неочекувана појава на инсектот не може да се замисли без придружба на необичната наметлива мелодија.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Напротив, нивното појавување на замислените патеки во придружба на лигавата насмевка на Пачев Загорка Пеперутката го проследи како највпечатлив настап од првомајските паради па затоа и потстана и долго го изразуваше задоволството ракоплескајќи му на ова свое привидение.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тоа се чини неверојатно но јас и денес можам со часови да го следам оддалечувањето на братот на татко ми во придружба со смртта.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Наместо со нејзиниот глас и нејзината насмевка ти си во придружба со грдите животинки на осаменоста за кои велиш дека таа ти ги оставила во наследство.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во Сарајов имаме десет амами, ама таа нели со придружбата сака во вторниците да се капе во Чифте-амамот? Женски муабети, кркотења, и такви работи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)