прикажан (прид.)
– „Ете вака, синко Марко, се сторило со Силјана од Мало Коњари; знам оти тебе ти е како лага; арно ама мене ми е навистина, оти од татка ми е прикажана оваа приказна“, вака ми рече татко ми кога ми ја прикажа со прво.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Сукаловите 'ржи во Кула се прикажани, та затоа тие секоја година врзуваат најголеми снопови, и затоа даваат најмалку спаилак. ***
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но колку повеќе ја трупаше и ја полнеше куќата со разни работи, колку побогатски се носеше и правеше дарови и колку повеќе прикажуваа луѓето за него - толку понетрпеливо настојуваше тој да се сроди со некоја стара, прикажана фамилија...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Една куќа, свате, една куќа, на здравје... - радосно отпоздравуваше Карче, среќен што најсетне му се исполни големата мечта да може со најприкажаната охридска фамилија да се смета една куќа...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но, едно катче, во дното на кафеаната, сето е во духот на „Фауст“, зашто по ѕидиштата, со јарко изразени бои се прикажани сцени од баханалиите на „Валпургиската ноќ“ од „Фауст“...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Оти вака само еднаш се има прикажано. Ама тоа беше пред војска и пред војна. Уште кога немавме ни родено, ни умрено. 227
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тоа беше некоја малечка сликовница, никој и никогаш не ќе може да објасни од каде и како беше створена во домот, малечка сликовница на која беше прикажана една мошне привлечна жена во различни пози.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Дури и самото гниење во филмот ЗОО е стилизирано така да не изгледа дегутантно, а размената на материите во СТОМАКОТ НА ЕДЕН АРХИТЕКТ е прикажана исклучително сугестивно (сцената со Креклајт и кучето, како и унисоната смрт и раѓањето на крајот од филмот).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Другите начини на зборување/ пишување се нејасно прикажани или, се исклучуваат бидејќи тие се сметаат за инфериорни.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Борбеноста на женскиот лик е прикажана со помалку зајадливост отколку завереничкиот трио на хероината Циси Колпитс од филмот „Давење по броеви“.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сметате ли дека таа категорија на сцени или акции едноставно не смее да биде прикажана драматично?
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ворхоловите јунаци, во конвенционална смисла социјално и сексуално девијантни отпадници, дури и впечатливи од пуританско гледиште, се прикажани среде сопствениот свет и среде сопствениот контекст, каде нивната девијантност изгледа сосема обична, прифатена, вообичаена, природна и лишена од каква било афектација.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Можат да летаат низ апстрактни шуми, што се всушност графички прикажани статистички податоци и така многу полесно да ги забележат мострите отколку на колкав и да е компјутерски екран.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Филмот е толку далеку од црно-белото сликање на карактери и настани, што при првото прикажување (во времето меѓу војните) доста критичари му префрлаа дека ги оцрнува сојузниците, кои се прикажани како разединета, колеблива група за разлика од одлучниот и мирен непријател.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Дерек Џарман сликар, сценограф, режисер, писател Неодамна во Музејот за современа уметност во Скопје беа прикажани петнаесеттина филмови на Џарман.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кога компјутерската анимација ќе се развие до таа мера, ќе биде практично невозможно да се прави разлика меѓу реалните и вештачки создадените настани прикажани на ТВ или во кино.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Токму иконичката сличност на знаците од системот на писмо со прикажаните објекти го карактеризира системот на писмо како пиктографски или иконички систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Мене ме обзема мислата за доследноста на системот во наложувањето на организираната лага која почива врз една погрешна идеја, зачната и одржувана во заробениот ум, прикажана од музеј во музеј.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во еден експонат прикажана е на една поголема географска карта пругата која води од Тирана до Поградец, изграден од илјадници работници, војници, млади и стари.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кај Цепенков тогаш ја сретнав, од нечија уста прикажана, од негова рака запишана приказната на Караѓоз за свадбата и свадбарите, за свирките и тапаните, за невестата и младоженецот, за благословот и празната рака.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)