прикова св.
прикован прид.

прикова (св.)

Испотени, мртовецот го носат; и во тремот го внесоа тој товар скап, а луѓето се собрале крај мртвиот и немо приковале свој поглед тап.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Да ѝ го искорнам пред провала окото на месечината, да ги сечам подвижните нишки на времето кога провалувам, да приковам крик за помош, повик за прогон. Сѐ.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Како да може со куршум да ја прикова за ѕид.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Очите сјајат како јаглени, сите погледи се приковани за сцената. Без здив се следи претставата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Како по команда, рибарите ги поотпуштија веслата, погледите им се приковаа на колјата - дименџијата сосема го крена веслото - чунот подзапре, го измени правецот, него никој не го управуваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Извишена сама крај езерото, чиниш, цапната во него; над првиот кат е кренат уште еден кат, но поголем и поширок од него, наддаден од сите четири страни како да си ставил поголема коцка врз помала; покривот четириводен собран во една точка, во еден врв на кој има дрвено дирече останато уште откога е градена куќата за врзување макара и за кревање материјал за покривот; на диречето е вкрстена штичка, но недоволно е прикована, така што, при посилен ветер, се исправа и со диречето на кое стои - прави крст; кога запира ветерот, штичката пак се спушта надолу.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
9 Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Да ѝ го искорнам пред провала окото на месечината, да ги сечам подвижните нишки на времето, за кого провалувам, да приковам крик за помош, повик за прогон. Сѐ.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Клун на птица можеше со еден удар да ми го ископа срцето, штрковите можеа да ме приковаат за земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа со поглед го приковува зад платното. Тој пали светло.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа му се прикова во умот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но во последниот момент, додека толпата сѐ уште ги приковуваше на место, нејзината рака ја побара неговата и набрзина ја стегна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Човекот не може да лета, тој е прикован за земјата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Му се чини дека оди полека, дека е прикован за земја.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)