принуден (прид.)
Ако тие потребности на поданиците не се зачуваат и ако Турција продолжува да биде неискрена во прилагањето на реформите, тогаш од тоа ќе: настрада најмногу пак таа: 1/ таа ќе биде принудена со сила да воведе некои реформи, 2/ ако и потоа населението не биде оградено во национално-религиозен и економски однос, тогаш тоа ќе го искористат непријателите на Турција да направат брканица во Македонија за да ловат риба во матна вода.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ја кладоа на кантар Јовановата тринаесетгодишна „б'лгарштина"; ја кладоа и тригодишната „српштина", но последнава натежна некако по Милановата преценка, та Јован беше принуден да фрли уште сто лири на тасот од бугарштината за да се израмни со другиот на кој беше неговата српштина.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И така уште буден лежам принуден в молкот да се слеам (Ноќва од чудни плодој тежи што не ме пуштаат да пеам) Селата сами в ридје спијат сред сева блага страшна тихост (Крени во себе палав вихор по ѕвоната да бијат бијат)
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
„Полицијата е принудена да биде препазлива. Во градот се претчувствува бандитска мрежа.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Но,... ако ме присилите со вашето инсистирање на прашања и објаснувања, јас ќе се видам принуден да му реферирам на Иванов дека се - откажувате, па тој нека ја разгледа уште еднаш таа работа?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Зло на кое треба да му се оддава принудно почитување.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
5. Таква е, гледана однадвор, пуста и ненаселена, наваму од крајот на последната Голема војна, односно наваму од принудната колективизација, и нешто потоа, откако ги зафати луѓето емиграцијата, таа самоникната и безимена потковица среде Бакарно Гумно, која, спуштајќи се благо по голите падини на ридиштата, на запад и на југ, сè до мелиорацијата (пред десетина години ја извршија доброволно младински работни бригади; покрај бесплатна исхрана, работничка облека и плускавици на дланките, младинците имаа и задача да ги шират меѓу себе љубовта и братството) се преточува во ливадско земјиште (сега сушно и неплодно) испресечено со мртвици и блата кои, пак, се вливаа во Црна и во кои заедно со стотици видови барски и преселни птици живееше и лошиот дух на маларијата, а на исток и на север, односно на североисток и на северозапад, сѐ до мариовските планини, односно сѐ до Прилеп и сѐ до крушевските планини, во житница и тутунско поле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Утрото го кажав сонот, а вечерта ме уапсија и ме осудија по норма: 25 години концентрационен логор со принудна физичка работа, 5 години интернација и 5 години одземање на граѓанските права...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Веќе неколку дена сум принудена да гледам во неговиот параден изглед, во студените ѕидови, во Хитлер и цар Борис, во клучалката од вратата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Човекот не може да се буни против самиот себеси: своите уживатели на независноста тој ги подвргнува кон принудната едногласност која без било каков премин го зазема местото на туѓинската власт.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Но, тоа што ова тело функционира принудно и автоматски, под примат на програмите за одржување на видот, не значи дека функционира помалку правилно.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Од непопустливиот став на Алзашаните тој заклучил дека никој не може да биде затворен во принудните меѓи на својата припадност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Вклученоста во материјалното производство форсираше принудна солидарност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Диктаторот е обземен, со својата апсолутна моќ, од идејата како да ја припитоми вечноста, за да ја догради својата идеолошка пирамида, внатре во облик на лавиринт со седумстотини илјади бункери во кои сака да ја сокрие судбината на својот народ принуден, осуден и жртвуван да му верува.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Таа проектира мошне прецизно јасна светлина, фокусирана врз една позиција од која произлегоа безброј човечки жртви, силни страдања и депортации, толку многу доброволно и принудно ропство кај сателитските народи на СССР.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Што се однесува до сестра му, таа можеби била сместена, како и самиот Винстон, во некоја од колониите за бездомни деца ( ги викаа Поправни центри ), кои се беа намножиле како резултат на граѓанската војна; или можеби била испратена во логорот за принудна работа заедно со мајка му, или пак на некое место за да умре.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ниту пак се знаеше што се случува потоа со нив, со исклучок на малубројните кои беа обесувани како воени злосторници: другите едноставно исчезнуваа, веројатно во логорите за принудна работа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа не беше незаконско ( ништо не беше незаконско, затоа што не постоеја никакви закони ), но ако биде откриен, беше сосем сигурно дека ќе биде казнет со смрт, или барем со дваесет и пет години во логор за принудна работа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Погледнав тогаш во машината, и го видов воврен во валјакот белиот лист, со последната реченица напишана на него: „Мислата на бунарот ми стана принудна“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А ми се чинеше дека немам сила да ги запрам, да ги вратам во темнината на нивниот принуден престој, дури не ни го сакав тоа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)