припадност (ж.)
Колку и да се основани сите наведени приговори на нашите противници против општоста на Македонските Словени и нивната припадност кон една самостојна словенска целина, пак ми се чини дека можат да им се направат и не помалечки контраприговори, од кои ќе се види дека националното самосознание и преродба на Македонските Словени е нешто многу обично и разбирливо.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
— Вие сте ја заборавиле својата класна припадност, вели, вие сте закоравени националисти, вели, го губи умот од бес. „Само во празна глава не можеш ништо да туриш, велеше дедо, а празното најдалеку се слуша.“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И така од ден на ден, несетно, подоцна, по овој запис уште повеќе , чудото и чудесноста на едно делче од минатото избледува, станува ненужно знаме на кое ни видовникот не може да му ги определи знаците и припадноста.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тоа што зависиме од една особена традиција и што сме обликувани со нашата национална припадност е факт пред кој отсега не може да се биде слеп, но тоа ни во еден случај не може да стане вредност за себе.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Додека останатите мислители и поети ги величаа мистериозните длабочини на германската душа и настапуваа како рушители на универзалното, тој се осмели да изјави: „Сеопштата трпеливост најсигурно ќе биде достигната доколку го оставиме намира сето она што ја создава особеноста на различните човечки единки и различните народи, сè останувајќи убедени дека дистинктивната црта на сето она вистински вредно се содржи во неговата припадност на целото човештво”.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Вратени кон себе, некогашните колонизирани народи стануваат заточеници на својата припадност, вкочанети во тој колективен идентитет што ги ослободил како од тиранијата така и од европските вредности.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сега се заканува трибализмот, или мислењето од стојалиште на припадност на племето, значи, тенденција кон егоизам и волја да се дефинираме порекнувајќи го другиот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Учесниците во малата интерна војна што допрва се затркалува во Македонија не се само политичките партии туку онаа социјална група која има обичај да се нарекува интелектуалци односно интелигенција (уметници и писатели од најразлична жанровска припадност, хуманистички научници, универзитетски професори од разни профили, политичари со докторски наслови или доктори по наука кои својата конечна вокација ја пронашле во непосредната политика), сите тие меѓусебно се борат околу исклучивото право на формулирање и претставување на она што се смета за вистинска национална вредност.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Припадност кон Западот омраза кон Истокот, припадност на белата раса омраза кон 'небелците', припадност на ариевската раса антисемитизам, припадност на левицата омраза кон десницата, следење на еден maître â penser или гуру негирање на другите, и конечно, колнење во еден бог нетрпеливост кон сите што не го признаваат за свој.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Парадоксот на парергоналноста е во тоа што средството за врамување, коешто ја докажува или објавува припадноста на класата, самото не е член на таа класа.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Има многу наши од преку граница, од вашата ревизионистичка Југославија, наши бре, од иста етничка припадност и вера, пардон националност, кога ќе дојдат овде во татковината – мед и млеко откриваат, рајот го гледаат, некои и до Водачот стигнуваат, а кога се враќаат, друга песна пејат. Мизантропи.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но наспроти тоа, една генерализација може да го издржи патот низ сите тие историски примери; имено, националистичкото движење израснува и народот станува мобилизиран како нација доколку од многукратните и безбројни заеднички обележја во секојдневниот живот создаде една смисла на некое нарочно единство и припадност.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Без да бидам вкоренет во ниедна религија, во мене постојано преовладуваше неодреден атеизам што најчесто завршуваше во рамнодушност кон мојата верска припадност.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
III Секој во семејството, на свој начин, беше опседнат од енигмата на враќањето во родната земја, но секому му беше јасно за нашата припадност и на земјата без враќање.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во принцип, припадноста на овие групи не е наследна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не престанаа по падот на Отоманската Империја масовните прогонувања и преселби на народи од различна верска и етничка припадност.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Светецот на Манастирот беше спасител, исцелител од болки и зло на сите добри луѓе, без оглед на верската припадност.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Погледот запираше на родното градче Поградец, почетната точка на последниот егзил на татковото семејство во далечната 1942 година, кое оттогаш небаре осудено на припадност на земја без враќање.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ќе бидеме овде, јас свиен во твојот скут, во овој жолтозелен простор кон кој води еден единствен, тесен пат, како што е впрочем секогаш речиси правило, тесен пат да води кон широкото и пространото; ќе останеме овде под сината вселена по која една голема жолта месечина плови како залутана лаѓа во пустина, со изветвено знаме што се вее, како што некогаш бев ти зборувал, без бои веќе и без припадност.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И дипломатите и многумина други, во повеќето случаи Македонците ги именувале според нивната црковна припадност.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)