присака (св.)
Секој втор човек води куче, кое има право да ги погани улиците каде што ќе му се присака.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во моменти додека брзиот воз ја сече оваа рамнина, неусетно присакуваш селска идила, да се видат стада од овци или добиток.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Кога ќе му се присакаше на Китан да пие, викаше да му донесат, тропаше на вратата, напињаше да ја скрши. Но тие не му даваа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кријат примамлива игра, но кога вистински ќе ти се присака да го сториш тоа, побарај ме мене!
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Како да беа сите уморни од претставата. Го присакуваа крајот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Можеле да спијат со вашите ќерки, ако им се присакало.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На авторот на повеќе пати тие дена му се присака да му се даде можност ова свое доживување со битолчанката Аспасија, Паца, да ѝ го раскаже на Летка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Не им се судеше, бидејќи за таквиот чин одамна беше донесена пресуда дека секој кој ќе присака, ќе се обиде, па дури и ќе помисли да пребегне отаде граница, ќе биде стрелан.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Едни си присакаа да бидат ослободени од Бугарија, други од Грција.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А ако ќе им се присака да одат да посетат свои роднини или пријатели, мораат да се обратат до народната власт за да им издаде дозвола, значи пропусница за движење и со поздравот „Смрт на фашизмот - слобода на народот“ се движеа со ливчето в рака или в џеб, сеедно...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И не оди народот кај власта, ами тука, тука во црквата доаѓа и се молат луѓето, та се надеваат дека ќе бидат услишени молитвите топли, тагите потајни, болките големи и присакувањата мали...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И можеби затоа, кога пак погледна на Велика и Зоја, забележа дека поттреперуваат нивните бради, дека во очите им виреат и се вртат солзи, тогаш кај неа во градите нешто се прекрши, ја фати грч и ѝ се присака гласно, на сет глас да заплаче, да залелека, да заофка и коса да си корне.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)