причесна (ж.)
Се готват, азар се чинат. Ги гледам, одат кај поп Гаврила на причесна...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Дури вчера старите се занимаваа со црква и причест, младите со готвење погачи, мазници, благи ракии и мезиња, денес уште од утринта секоја млада, секоја стара, ќе се токми, ќе се ружа, според возраста, за на сретсело.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
По првото иде второ, трето и така со ред. Петре веќе ги прибрал сите поскури и шишиња со вино во поповата торба што останале од нафората и причесната.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На Велигден ја поврати причесната уште в црква оти таа му се издиши кога се заврте назад.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Колку пријатно се почувствува кога сркна по него причесна од истото лажиче!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Има таква ноќ во која не постои збор Што може да ги одгатне сите лузни Има таква нож во која се распознаваат само `рѓосаните копја на оградата во дворот И некоја златокрила пеперутка што се провира низ нив Има таква ноќ во која ѕидиштата на собата се сосема голи И во која неочекувано до тебе како последна причесна Допира тешкото удирање на стар часовник
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
По ова вино, вели, прво вино треба да ви биде божјата причесна.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
1. Си идеме од црква, од причесна. Вјасаме, речиси трчаме: по седум недели Велики пости, прв пат ќе се омрсиме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На Велигден или Божиќ тој ќе ме разбудеше со првите петли, и одев свечено облечена, меѓу првите во црква на причесна.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
„Ќе ни дава со лајче, како апостол причесна“, рече сериозно Михајло откај пенџерата и конечно замина кон другата продавница.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Стануваме заложници, чудни претставници на новопромовирани едноверци, спремни да ја прифатат не само ненајавената причесна туку и нејзиниот завет.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Кога крилјата се подготвени за летање бргу се долетува до гнездото на сопствената болка од сопствената шака си ја лижеш изгубената радост и ја ишкаш смртта од струните на виолината ноќни сенки излетуваат од акордите на вердиевиот реквием и им ги бришат челата на публиката лачени ноти скокаат низ историјата и се потат во чевлите на диригентот звуците на животот како лилјаци се удираат од ѕидовите на вечноста од суво усте лушпе ореово се разлева кон реката вердиевата чаша вино отаде реката последна причесна и школки на суво - на клапнатите музичари им намигнуваат.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
А јас знам дека и денес, кога во недела на причест нема да се појави некое дете, кое одамна има свои деца, мора да каже зошто отсуствува.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)