пријатно (прил.)
Но неговите раководители мислеа друго: тие во иднината, како и во сегашното, го гледаа само тоа што им е пријатно да го видат.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Преку владиците Бугарите сакаат да истребат сѐ што не им е пријатно, а најмногу црковно-општинската самоуправа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Под сенката на нивните разгранети крошни беше тихо и пријатно.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Ѝ беше пријатно да го гледа, да го слуша како и раскажува „закон божи", историја, природознание и друго; како одговара пред учителот без запирка и како лапа кај нив варена тиква, компири или кора.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Пријатно блести но тој сјај не е сигнал на есента.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Се лутиш ли?“ „Зошто? Пријатно се чувствувам. А ти?“ „Чао, оче Симеоне.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
А овде беше пријатно, дури попријатно од што можеа да претположат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Митко го зема ниското столче и се наместува зад печката, до ѕидот. Тука е топло и пријатно.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Во тремот е свежо, пријатно. Овде изненадува и привлекува богат и вкусно изграден амбиент на стара чорбаџиска куќа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Задушно е и пријатно, пријатно. Дојди, дојди ти со мене!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Зраците на изгревот удираа во неа и трептежот на нејзиниот полн сјај продираше во собата меко и пријатно.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Некаде далеку угоре по долината, кога неговата разоденост беше престорена во една свикнатост, од која му беше топло и пријатно во секое делче од неговото тело тој, сосема мирно, продолжувајќи без тешкотии да се пробива, почна еден обичен, тих разговор со оној свој самјак.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Времето му минуваше незабележливо во таа отпуштена зачеканост, во која одблесокот од вратничката на печката ја исполнуваше собичката со илјадници трепети на црвените сенки и полусенки од чија игра стануваше пријатно топло. И Белата Долина почнуваше да се буди.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Молчам и размислувам. Не е пријатно ако некој не ти рече добар ден.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Од допирот со меката козина доживуваше нешто непознато и необично пријатно.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Пријатно беше да се размислува за претстојната средба со дедо Иван, но во својот прв ден во колибата Бојан мораше да размислува и за нешта кои бараа разрешување и од кои зависеше неговиот опстанок, опстанокот на триесетината овци, на говедата, кучињата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Колку пријатно се почувствува кога сркна по него причесна од истото лажиче!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сигурно нејзе, на новата мајка нема да ѝ биде пријатно присуството на мама, макар и на слика.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Пак сакав да ѝ се доверам, но сфатив дека ако ѝ раскажам за тоа што се случи претпладнето нема да ѝ биде пријатно.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Веднаш се постави чинија и за неа. Таа, иако одбиваше, и навистина се чувствуваше дека не ѝ е пријатно, седна да руча со нас.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)