провне (св.)
Косичката веќе му ја чешла, завртува зад уши, а во ушите му провнала обетчиња од сребрени гровчиња.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сѐ додека во еден есенски ден, додека грмушките отаде оградата почнале да врзуваат плод тамам толку зрел колку да ти ја подотвори и така жедната уста, не само за дланка вода колку да преживееш туку и за стрвост по недозреано овошје, во луда желба што побргу да се досегнеш до смислата на живеачката, иако уште не си почнал да живееш - додека уште беше видно, Баге не се реши да се провне под жицата на оградата и како јазовец да исползи меѓу кулите на стражарниците до првата џбунка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се провнував низ неа. Прозорците фрлаа млечна скаменета светлина.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Собата имаше еден голем прозорец, десетгодишно дете можеше да се провне низ него без да го превиткува телото.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)