производител (м.)
Познатата хемиска индустрија „Баер“, една од четирите производители на полиуретанот со светот, на два патнички брода на Рајна, веднаш до сајмиштето, имаше организирано изложба, која го носеше името „Визиона II“ и на која го имаше презентирано полиуретанот во сета своја функционалност.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На саемот излагаат и југословенските производители на стилски мебел, кој овде, во Германија, има многу добар прием.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Скопскиот производител веќе ги заврши преговорите со германските производители на овие материјали.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
„Хеј, Џо“ беше климакс на нашиот настап во амбарот на „Треска“, најрекламираниот македонски производител на мебел.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Производителите тврделе дека ПЦП-то е синтетички ТХЦ, главниот психоактивен елемент на марихуаната.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој му напиша писмо на производителот со молба да му направат еден грамофон по негови сопствени нацрти, и кој тој го нарече „Грамофон Омега”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Има неколку начини да се направи Екстази, во зависност од целта на производителот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Изгледаше како да го направил некој незаконски производител на виски од планините на Тенеси или Џорџија во САД за време на прохибицијата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Фармерките со зипер и ги снема од пазарот зошто производителот на потрошувачите им ја исцрпуваат потребата за 505-ките.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога од Велес за Солун била праќана четвртата пратка динамит, на станицата било спомнато името на Гиго Шарлаганџијата, познат производител на шарлаган во Велес.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Како да сакаше да ги втаса морињата, со мислите, на патот преку реката, до бреговите на Америка, со надежта во враќањето преку потомците, пред да им го запрат патот градителите на новиот прогрес, производителите на новата енергија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ако цврсто си решил да направиш нуклеарна централа у маало, треба да знаеш дека Канада е најголем светски производител на ураниум.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)