пролетоска (прил.)
Волната јатрвите ја поделија уште пролетоска на три дела.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Ќе дојдам еден ден и пред твојата колиба, војводо. - се шегуваше шумарот со простосрдечниот старец, изненаден, зачуден, а и престрашен од првото доаѓање на џипот во планината. Но тоа беше пролетоска.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Пролетоска направи толкави измени на телефонските броеви што тоа беше неизбежно.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Таа, Лила, беше чиновничка ќерка. Татко ѝ го преместија пролетоска од Србија во овој град.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тука е најзгодно местото да ја види, мирно е местото, уличката одвај се провира покрај рекчето, тука таа минеше секиден пролетоска со својата другарка.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)