прототип (м.)
Тоа е прототип, интелигентен софтвер, што ќе му биде достапен на малиот човек.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Набавувајќи прототипови на магнетофон и полароид, Ворхол беше неуморен во нивното користење.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Така, со употребата на грчкиот алфабет како прототип за создавање на готски систем на писмото, Вулфила не ги отстранува знаците кои ги прикажуваат типично грчките фонеми, туку на соодветни места истите ги заменува со знаци со типично готска фонетска вредност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Може да се претпостави влијание на други графички примери, претежно од Истокот, во оној дел од глаголичката низа што влегува во дополнителниот дел од алфабетот и нема свој грчки прототип.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во тој поглед, ерменското писмо делумно потсетува на готскиот алфабет, кој е ограничен со рамките на грчкиот прототип.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)