професионалец (м.)
Имаме професионалци овде!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Не е потребно да бидете професионалец за да бидете во состојба на невидено да го оцените печатениот материјал.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Професионалците ги полнеа парковите и стадионите.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Како и ронинот кој нема свој клан, жената- професионалец често се чувствува исклучена од кланот во фирмата или претпријатието, без сојузници и поддршка.”
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Доста време поминав со потполно скршени, луди луѓе, и дефинитивно сметам дека е потребно во срж да се измени почетното образование и подготовката на професионалците што работат со таквите луѓе.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сепак е тој професионалец кој знае да разликува војна од мир.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Да биде професионалец во тајните на нуклеарната физика.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Се гледа дека се однесуваш како вистински професионалец, - рече без да ја отвора устата. (Сите тие помеѓу себе се разбираа со затворени усти).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- А зошто да се чувствувам професионалец заради еден ваков настан што го презирам дури и во мислите?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Богдан Русимиров беше висок професионалец во службата за прибирање, селектирање и обработка на аудиовизуелен материјал, но во слободното време работеше како приватен детектив и тоа му обезбедуваше добра заработувачка.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Од синови, снаи до зетовци, внуци бирократски лебарки се котат ко глувци за професионалци нема тука место швалерките стручни се во министерство
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Сакав да возам велосипед, но не можев да видам како тоа го правеа другите, професионалците, вистинските натпреварувачи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Томето ја ценеше Атина пред сѐ како одличен професионалец односно како поискусна шивачка која беше ангажирана од страна на организаторите да работи на главните модели заедно со главниот асистент на Перуниќ.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Богдан Русимиров беше човек на Шефот кој оцени дека крај себе треба да има таков професионалец со чиј прозивод би задржал ниво над сите други во увидот на нивната службена работа, но и во приватниот живот: тој се радуваше на материјалот што секојдневно го добиваше од Русимиров, внимателно го складираше, плашејќи се да не се активира предвреме, да не се распрска во неговите раце, да не го разнесе експлозивот што го подготвуваше за другите.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
А, таму,пола од гостите играа валцер, рок-ен-рол и полка, а овие, другите, чекаа да ги покажат своите способности на танчери еднакви на професионалците од „Танец“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)