проѕирност ж.

проѕирност (ж.)

Светат лицата на овие младичи во неснослива усвитеност и се растопуваат во црвената проѕирност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И во сматената свест буквите на Викторија се виткаа и тонеа во темната проѕирност на водата и морничавите усни, задушени од Анините гради, издивнуваат кратко, со призвук на каење и виновност. - Ана, Ана!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Опната е извонредно нежна, иако со некоја матна проѕирност, така што обликот внатре повеќе го насетувам одошто гледам.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Руменилото на здравите момински образи за миг минуваше во проѕирност на бела хартија наспроти сончев зрак.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во својата портокалова проѕирност густата течност ќе спѕида се и ќе се стврдне според калапот во куќата во голема зарче за шеш-беш на џиновска дланка, за еден Голијат што ќе дојде од библиската предисторија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И проѕирност каква што не видел во своите триесет и две години, во сите триесет и две жени што ги имал или што сакал да ги има.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Некој крај средниот оган споменал дека видовитиот Дмитар-Пејко, пред злата крв да му го покрие разумот, расправал долго и со благ занес во очите за благородноста на човекот, за дарежливоста на земјата, за силата на водата; секој збор на старецот бил светол и звучен, до проѕирност измиен со мудрост; прикаските имале подлабок корен и од самиот живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Карпите биле осветлени однатре, зрачеле своја мека и студена проѕирност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нашето хоризонтално лудило, она на генетската конфузија, на измешаните прописи и мрежи, на биолошките и молекуларните аномалии, она на автизмот - спротивно на некогашното „вертикално“ лудило, психичко лудило, трансцедентално лудило на шизофреничарот, она на отуѓеноста, на немилосрдната проѕирност на алтеритетот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Градот е премногу голем, мегалополисите на деветнаесеттиот век и нивната хетерогена урбана популација бараат сложен, тежок поетички израз, а не проѕирност, леснотија и спокојство.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Култ на беспризорноста, типично американски: тотална расположливост, проѕирност на сите функции во просторот, кој пак останува неодгатлив во своето ширење и кој може да биде совладан исклучиво од брзината.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сиот негов ум и тело изгледаше како да се зафатени од некаква неподнослива пречувствителност, од еден вид проѕирност, која секое движење, секој звук, секој контакт, секој збор што мораше да го изговори или чуе, го претвораше во вистинска агонија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Почнав со посетата на онаа нива во Далјани, во која дамна, седнат во топлата свежо изорана бразда што се испаруваше, гледав како волците слегуваат по сртот на планината, темни четинари спроти пролетната проѕирност, гледав како две чавки ја опчекориле, гладни, нашата ровка земја, и како волците стигнуваат зад стапалата на татка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Побелената кожа на лицето му беше истенчена до проѕирност.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како низ лут чад што штипе во очите, пред поткосените коленици му се прелеваа една во друга некои сцени препознатливи, а далечни: замрсено клопче од отуѓени луѓе со забавени движења што плетка нешто во безгласна кавга каде да се легне мртовецот - дали да остане на троседот или да се испружи на масичето со висната глава и подвиткани колена додека да дојде нарачаниот ковчег; помалиот син, Гоце, кого не можат да го одвојат од постариот и кој не само што му ја стиска туку и му ја тресе раката, постојано повторувајќи „бате, бате” во пуста надеж дека некако ќе го разбуди; жена му, не помирена ами умртвена од смирувачките средства, веќе забрадена во црна шамија, одеднаш остарена, преполовена и смалена, стопена како грутка снеговна на дланка, со прачки од раце во празниот скут; свеќата што гори над дамкосаното чело на Нако, што станува восочно до проѕирност; миризбата од козметиката на снаата, нешто меѓу темјан и колофониум; мувла од пештерска црква, а сè во мансарда од новоградба; испиени лица на светци од икони а само смртни грешници со подуени модрини под очите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)