прудолу (прил.)
- Отиде - си рече Бојан и тргна прудолу кон колибата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Еда, од вратот, по браздичето, па прудолу, преку газ, право в петици. Еда, ме замрзна, да му ја запоебам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кога стргнува му вели Добар ден и свртувајќи се со лицето спрема прудолу спрема Имотот тешко и забавено дише.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Слично на кривоног, заокруглен, измазнет и севезден весел продавч на бои: во пролет зелени, во лето пепелави, во есен бакарноцрвени и во зима бели, ридот истрчува од шумата и продолжува да трча право прудолу и право спрема дното на Потковицата, сѐ додека не се израмни со него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А кога и тоа ќе излезело од гробчето, Трајана ќе го фатела за раче и ќе го поведела прудолу по падините на Горник за заедно да пијат вода од Виданови Извори.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Со левата рака, на десната негде и некогаш некој му ги исекол трите прсти, со палецот и показалецот можел само да наденува конец на игла, да крпи јамки на парталосаните беневреци или нешто слично, да ја треби од гниди ленената кошула или да ги суче прудолу ретките мустаќи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
— Ти гледај малку прудолу, му велам, опули се и пред себе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Еленчињата се наведнале прудолуглава и туркаат назадгазум.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од нашите викотници работниците - копаа песок прудолу - веројатно се исплашија и завлечено извикаа: „Е - е - е - ј!
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Наутро кога излегувавме на Бело Брдо тие веќе јаваа и одеа негде, се губеа и пак се јавуваа по висорамнината, а потоа, на некој знак што никој од нас не го забележуваше, ќе јурнеа прудолу кон реката.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не знам колку време помина кога повторно нечујно се отвори вратата на ќелијата и од неа бесшумно се извлече Рибоокиот и се спушти прудолу, барајќи ме со погледот во одајата со игуменот и пријателите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Се истури небото, запиште, зачрчори врелината на земјата, се кренаа магли, дотекоа доловите, повлекоа коџа народ далгите, прудолу кон Калимерово.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Паричката спокојно, без да ја погледне, Кијмет ја клаваше во џебот на ветвата дреа, слична на долама, висната до под глезните, сетне со умилна благодарност во очите ќе се лизнеше покрај Безистенот, покрај фурната на Боро Калешката, па прудолу покрај берберницата на Ставре и Цветково меанче, низ Еврејското маало за да исчезне во сенките на дворот на црквата Св.Богородица.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Животот во паника ќе кидне прудолу
да провери дали сѐ уште
е тоа што мисли дека е:
заден миг на свесност
кога сѐ се претвора во блиц сеќавање
во јазик разбиен од из-без-ум-е-ност
во сублимиран естезис
оти нема време да се прераскажува
на долго и на широко
само извесна веројатност да се искаже
без надеж
дека ќе биде видено
од некого
само извесна пасија по кажувањето
- низ реч, низ слика, низ музика,
низ тело, низ плот...
само извесно насетување на вистината
според логика која оди прекутрупа
во погорниот, во вртложниот
круг на небото
кога тоа ќе се
отвори
во
екс-та-за!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Жената подигна очи и, покажувајќи со рака, се огласи тивко: - Паметам, како да беше денес, навалица од луѓе и стока се спушташе прудолу.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Каде? Прудолу... Гласот ѝ секна. Со раката замавна пред очи и по подолго молчење, прошепоти: - Големо лошо и страшна несреќа ги снајде...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Колку ли пати пругоре и прудолу трчавме со ист чекор, во кој мораше да се слуша само едно крап-крап-крап...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И се тркалаа удолу зелки, зелки, едночудо зелки - зелени зелки, оти тие и во сеќавањата не си ја менуваат бојата, се тркалаа удолу зелки, зелки, недобројни зелки - сочни зелки, оти соковите од младините никогаш не пресушуваат, се тркалаа севезден саде зелки - јужни зелки, набабрени од детски галежи и мечтаења, збрлавено итаа прудолу млади зелки, ненагодени и ненаносени.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Се разбира, за кум го одбрале пред да му тргне колата прудолу, а јас, јас по нивна желба сум му кум на едно мало дете кое сега, откако ме сметаат за црна овца, со страв го држат што подалеку од мене.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И пак подзасилен бран поттурнат од друг што навева зад него, нанесува облаци ситен правлив снег и пред неа одново за миг расте наметот, ама новиот бран ветер го разметува, развејувајќи го снегот прудолу по трапиштата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)