пупунец (м.)
Ги има секакви - ситни како пупунци, брзи како полки, шарени како клукалци.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Други оддалеку ни личеа на фазани или пупунци: носеа шеширчиња со долги подвиткани пердуви.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Што се мислиш, пупунецу мој, ми вели, тргни веќе еднаш, искачи се уште малку нагоре.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
За разлика од оние другите, од родот на грабливците, (орлите, соколите, сојките, ветрушките, бувовите, утките, чавките, страчките) па оние од родот на полските (еребиците, дивите кокошки, дропките, тресопатките, потполошките, белоперките, чурлините, чучурлигите, полските врпчиња, дивите гулаби) па оние од родот на шумските, (кукавиците, пупунците, чукајдрвците) па и оние, слаткопојните, (славеите, трнарчињата, сколовранците, гугутките, сипките и другите) кои ги има плипотници.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Пупунците ја преспиваат зимата во круг, секој со клунот под опашката на оној пред себе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И така нашиот зејгора пак сам и без братска помош на поранешните свои познајници, со стремеж зацапал по мочуриштата, да фаќа со примки и стрели чапји, жерави, шлуки и галепчиња, и в поле или в планина -дропки, пчеларки, пупунци, сојки, ветрушки.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Славејот, пупунецот, врапчињата, фениксот, колибрито, сето тоа птичје царство станува огромно гнездо - упориште од кадешто жиците на виолината емитираат звуци. Патешествието е веќе во тек.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Нема птица да прелета, нема ластовица да не фрфне, нема гугучка да загука, ни пупунец да заклука - се жалеа луѓето.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Црцрцрцр, се довикуваат птиците - косови, прлици, сколовранци, кукајци, пупунци и славеи. Кога ќе земе славејот да везе!
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)