пустоши (несв.)
Диви чувства лудеат во него и ја пустошат улицата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Вришти крвта Коската се расчинува Низ оброчишта пустоши некаков крај... . . .
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Седнав до неа. Заедно гледавме во нашиот двор, во кој пак беше навлегол ветерот и пустошеше.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Ќе се вратите пеејќи за сончев ветер Што пустоши низ оваа древна мапа На која веќе се распознаваат Изгаснатите огништа околу кои седите, Велам ќе се вратите зашто јас тоа го читам од плодовите и од летните магли, јас тоа го слушам од лебот и од солта, јас тоа го гледам во очите на жетварките, јас тоа го прераскажувам гледајќи ве како му пеете на полноќното сонце.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Вител од бесен ветер свири и им пустоши низ стомакот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
2. По поделбата на Македонија, ајле и многу порано, сите пропаганди почнуваа да пустошат и да го прекрстуваат народот, а народот ти е прост и гладен: за едно решето жито што сакаш ќе ти се пише — и Грк, и Србин, и Бугарин ќе стане, да има друго и друго ќе стане,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Со ширењето на информациите - било да се работи за корпорациски планови или строго доверливи владини операции - тие веруваат дека можат да го спроведат овој нов техноестаблишмент почнувајќи со бенигни социо-политички чувари способни за запирање на глобални операции, до анархисти кои се одмаздуваат поради масовната алчност со пустошење во компјутерските системи - или електронски терористи, подготвени, желни и способни да се осигураат од непријателите со едноставно блокирање на системот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Подредувањето на „Две тишини“ во пет вокалски раздели е атак врз „зададената“ хетерогеност на оваа „Париска тетратка“ пишувана во март и април годинава во период кога на болеста која пустоши низ телото на поетот, ѝ се одѕива единствено песната која пустоши низ душата на поетот, собирајќи данок од премолченото, потиснуваното, недоизреченото, скриеното...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Го фрлил догорчето зад себе без да внимава каде и веќе ја чувствува топлината на пламенот што зад него пустоши, но тој не се ни свртува.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Стално војувал за да си ја покаже силата и ги пустошел крајевите, кај што ќе поминел, така да луѓето многу му се плашеле.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Дури и стручњаците сакаа да разговараат со него, го сметаа за иницијатор, за интелигентен, за исклучително симпатичен, сѐ додека не ги отрезнеше шокот по неговата операција за олеснување на ќесето, зашто тој не пустошеше само кај роднините, туку своите подмолни замки ги поставуваше секаде каде што му се чинеше дека ќе има полза од тоа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Неговиот задув се слушаше уште од градите. Беше страшно да се слуша тоа крцкање и потсвирнување што му пустошеше во дробовите и низ дишните органи.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)