раб (м.)
Рабовите на мојата животна гуња прскаа и јас барав пат да се извлечам од тој задушен правоаголник во кој единствена знаменитост беа петте беспризорни пасторчиња на маштеата судбина и тројцата распеани студенти, од кои еден веќе се сомневаше во животот, во луѓето, во себе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Одовде до Секуловци десет чекори место е и за едно „свети боже", свети крпки, венчаетсја раб божи Илко со рабина божја Доста, сегда и нинје и приено и во вјеки вјеков амин", и .. . клоп ! ... три лири во џепот, бадијала ли е ? . . .
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Венчаетсја раб Божи Илко со рабина божја Доста во имја отца амин, амин, амин“, ги измени венците и ги запои зарани младенците, продолжувајќи си ги познатите молитви: „Причешчаетсја и прикасаетсја раб божи Илко и рабина божја Доста, во имја отца, амин, и сина, амин и свјатаго духа, амин, амин, амин.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Стојанка како крената пушка веднаш одговори: — „Неда", а попот си продолжи: „Крешчаетсја раба божја Неда, во имја отца амин, амин", и му ги Изреди ,и на ова детенце оние исти благослови што им ги рече на тие пред него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се наведна, ја дигна покривката: од работ на нечистиот завој, месото на ранетата нога, долу беше натечено млако, темносино.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тој има сламена шапка со црвен раб, но нема крава, црвено-бела крава, блага и топла како мајчицата господова.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Кажи сам - нели се откажав од леки боксерски чевли заради таа сламена шапка со црвен раб, кажи сам?
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Работ на чашата тапо удри по неговите заби.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
На неа е сѐ лажно - и ученичкиот фустан и плетенките и солзите на очните рабови.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Неколку истрели плус еден и една смрт на раб на светлоста од автомобилските фарови, а само малку пред тоа Германецот го рецитираше Гете и само малку пред тоа јас мислев на гладиоли, на стебла, на роса.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сето најмило што го имаше беше на работ на пропаста.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Навистина, имаше шеесет години и не фолираше, тој човек со нејаки, крцкави зглобови од врелото теме до рабовите на стврднатите рамни стапалки.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Долу, под нивните нејасни рабови, прозорците се исполнија со жолти квадрати.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Беше фатен во клопката на самиот себе, стиснат во црн преграб на својата крв, се повеќе исклештен во неверувањето дека навистина сака да отиде на една планина на чии рабови уште малку и ќе умре летото разјадено од ’рѓата на есента...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Горниот дел од работ завршуваше со азурен врв, одземен од небото.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Глигор тешко зачекори, загледан во тесниот раб од избледнетото небо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Стражарот ќе стигне до работ на зградата, потоа ќе направи полукруг околу себе, потоа неговиот грб ќе почне да се оддалечува во спротивната страна. И токму така.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
На исток висеше сочниот портокал на деницата Месецот, како малечко рисче, спитомен и милкав, стоеше со притиснато лице на самиот раб од шумата, готов секој момент да капне зад неа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Она, што се случи со него и со волкот, не можеше да не го потсети на сето друго, што се случуваше околу него, од сите негови страни, и сега, наеднаш тој веќе беше свесен што можеа да значат и сите оние несфатливи прострелкувања на вртенестите прилики, што сновеа и пресновуваа сето време по сивината меѓу стеблата на самиот раб од неговото сознание.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега чекореше понесен по тој ветер, просто како да се прегрнуваше со тој свој долго чекан и незаборавен ни во сонот пријател, одеше таму каде што го поземаше неговото немирно кискање, сѐ дури не стаса до работ од шумата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)