разболува несв.
разболување ср.

разболува (несв.)

Чорбаџии осиромашуваа, сиромаси забогатуваа, болни оздравуваа, здрави се разболуваа. . . така, господ си правеше скали од луѓе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Свињо“, рече, закрцка во коренот; тие што беа близу забележаа дека тукушто почнал да се разболува од жолтица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Меѓу илјадниците ѕвезди, бубачки, тревки, луѓе запомна само име – две; Меѓу илјадниците скриени во јавето, цветањето, молчењето, стравот, сонот препозна само глас – два; Меѓу илјадниците расфрлани низ жетвите, раѓањето, плодовите, луњите си одбра само боја – две; Меѓу илјадниците што патуваа, одминуваа, се криеја, разболуваа си одбра само жена-две; и уште нешто-две, И толку.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ќе разбереш ли дека е тој, овој малечок ѓаволски неранимајко којшто сите овде нѐ разболува!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Уште стигнувале гласови таму, во Скопје, дека есента постепено, ама сигурно отстапува пред зимата, сонцето сѐ помалку се задржувало на небото, ноќите станувале студени и долги, дечињата почнувале да се разболуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Баравме долгнавести камења и со шамиите ќе ги подбрадевме и тие ни беа бебиња, а бидејќи знаевме дека сѐ умира, божем бебињата ни се разболуваа, па ќе ги закопавме во дупка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но јас знаев дека учествувањето во веселоста не разболува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Собирањето на харачот мене вистински ме разболува, не можам да се занимавам со ништо друго,” рече по малку.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дека, ако се таи и расте како меур, таа умее и да преоѓа, и натаму да ги бара сите свои права. Не мораше таа само да разболува.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)