развиори (св.)
Бидејќи повеќето сватови се понапија, веселбата се развиори.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се фати до него не пуштајќи ја Јага, која го влечеше попот а тој пак најде девојки, сестрите на Геле, има мавна со рака, ги повика - и наеднаш се развиори врескав и трепетлив и шарен ред луѓе и жени, веќе не се можеше поинаку: дури и најстарите почувствуваа дека им потскокува срцето во обрачите на ребрата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Од далеку повторно ја гледа Аниса качена на коњ, на истиот коњ што е на сликата: силен бел пастув, влакното му светка на сонцето, се прелива, како скапоцен камен; гривната му се вее развиорена.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога по одморот, пак ја покани за игра, и кога пак нивните тела се развиорија, нејзе како да ѝ се слоши, како да ѝ се сврти во умот и побара да излезе на терасата, на воздух, да земе здив, да се одмори.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Истата изгледа „да ја грабнеш и да бегаш“, што е уште еден квалитет кој го исполнува, ама излезе дека недоволно била секси зашто оваа заменава што го пополни нејзиното место многу порано од што тоа беше испразнето, ја развиори својата црвена коса и колкови кои не мируваат сместувајќи го помеѓу своите бутини, насмеан и флекав, и згужван... и накапан со кафе кое секогаш прво го претекува, а потоа го преполнува во напрснат филџан, ама и оваа вештина испадна крајно невалидна за тоа врските и нивниот рок на траење.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Еј, невини луѓе, во небо што гледате и се молите, свртете ги рацете нагоре, сонцето впијте го, месечината во коси нека ви заигра, ноќта кога ќе се спушти ветрот нека влезе во вашите пори низ крвта нека развиори.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
И последните лисја се одронаа од пазувите на спасителот, и оро развиори А ноќта ко уплашена срна се стутка зад голите карпи Росно утро, врз моето чело, во хаосот на мислата...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)