развлече (св.)
Гледај. Ја развлече устата во лажна насмевка и плесна со дланките.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тој ме погледна и не ја крена главата; потоа шмркна со малиот нос и развлече: - Ми се потсмеваш? - Не. Жими свети Никола.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Трепетливите ковчести прсти му се смирија, лицето му се развлече во сонлива насмевка: мустаќите му се поткренаа малку и ги открија двата заба во модрината на устата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Стисна заби од болките и ја развлече устата да се насмее.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Доста пак ја развлече устата и повтори: — Мори, чума да нѐ чукне, сестрице Митро, и без нас, чупињата, не може вој свет да се држи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Беше блед и не можеше да ги развлече полните усни во насмевка.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
- А-а, развлече Благоја, не сфаќајќи. - Сакате да го оставите негде!
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Внимателно следеше: златестата пајажина сомотно развлечена по кожата на пробиените гради го менуваше патот на темната нишка и не ја запираше.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
А Ганка? Насмевката како хармоника се развлече во смеа, стана широка, збрчкана, гласна.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ги развлече усните и почувствува под јазикот вкус на смола. не знаеше дека само со едната страна на лицето се смее зашто се изнасилуваше да најде отпор, да се охрабри или да разбуди страв во себе.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Коле најпрво ме погледна намуртено, а потоа го развлече лицето во пријатна насмевка.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
— Пак некоја каурка грабнале агите? — го пречека Ростовски Мита со прашањето и ги развлече дебелите црвени муцки, бидејќи во тоа време беа зачестиле грабежите на каурки од разни бегови и паши, та Ростовски со владиката интервенираа и протестираа против тие насилија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И не само лицето - и гласот му бил чуден, со подмолно длабок звук во нејасно развлечените зборови. Не го разбрале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Премореноста и бавноста несфатливо ја развлекле далечината од Лесново до Кукулино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како да сакал да го развлече разговорот во исчекување дека можеби ќе дојдат селаните и ќе ги подберат жените пред себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа стануваше црвено, развлечено, заруменето, вистински празничен ручек, прстите да си ги лижеш.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Дуковски, успешниот млад драмски писател, се одвиваше писмено и се развлече низ речиси три месеци.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Другиот тип, од друга страна - а во таа категорија спаѓал и несреќниот Никола, и Казанцакис, веројатно, а секако и сегашниов наратор - ќе ја развлече својата исповед, впрочем, само за така да кажеме, можеби дури и измислувајќи неколку гревови патем за да го пополнат каталогот, додавајќи го така и гревот на лажење кон списокот на фактични гревови што треба да се признаат. Маргина 34 67
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
„Ако играте со нас, ќе ве примиме!“ Мими развлече ластик.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)