развреви (св.)
Веќе и другите се разбудени, развревени во вагонот, а Чана веќе е на нозе и стоејќи сама и огромна во средината на вратата се прашува себе си а и другите Луѓе бре, кој ја отворил вратата?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
За сѐ беше рано; освен да се наврат кратките панталони, да се наметне летната кошулка, да се нагазнат парталавите патики и да се даде на машко одење, не пешачење не како шетање туку брзање како доцнење, додека не му потече пот од првиот прешлен на вратот до последниот прешлен на опашот и додека шаторите не се разврчат и не развреват како нагазнати мравјалници.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Дојдоа до брегот, а до таму се протегаше десниот ѕид, ја најдоа патеката со пресно втиснати стапалки во снегот и внимавајќи да не се слизнат во развревената вода, стигнаа до вратниче од бели и нови штици. Тропнаа на неа.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Народот се развреви и застана, обѕрнувајќи се да види од каде доаѓа пукањето и затоа сандакот со носачите се издели напред, останувајќи сам.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Народот се развреви и почна да натиска одзади.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Се развревиле момичките забрзани накај блиската корија над селото.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)