разговорлив (прид.)
така после и Бугарите нѐ држеа понастрана, првин ни дадоа да подработуваме околу казаните нивни, околу јадењата и Стеван Докуз стана поразговорлив, почна и тој да арчи зборови: ами судбина, Мирче, ќе ми рече, така ни било пишано, а јас ќе му одговорам: да му се мочам во писалката на тој што напиша така и Стеван ќе ја сврти главата и ќе земе да трупи дрва и да дроби компири и ќе џвака нешто-што било, - ќе прежива со устата, оти тој кога сака и колку сака може да огладне, колку што сака не може само да се најаде, гладта, ко кучка му стои на желудникот, во дупнато решето водата николку не стои,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од комуникативен, доктор Миха стана скопчан; од разговорлив - молчалив, од веселник - намќорест; од човекот во движење - во сенка што пуштила корења.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Мајката Роса е разговорлива жена, исто толку е и внимателна слушателка, ама сега смета дека претерала во сѐ па затоа стана и извинувајќи се што толку многу се задржале, тргна на кај вратата, а по неа, зацрвенета во лицето и Деспина.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Беа тоа наши комшии, наши познајници, муштерии во книжарницата на татко ми, кој веќе не сакаше да оди в дуќан и сосем се повлече во себе, па и онака не многу разговорлив, дозамолча.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Замоли да те почека овде, па минавме некое време во твојата соба, ама не е баш разговорлив.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)