разгори св.

разгори (св.)

И бојот навистина се разгоре.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Оганот се разгоре, а невестата се врати ја кладе тавата та сланината почна да пишти. Не поминаа ни десет петнаесет минути, ете ти една, „чума“ кај Карабуклиови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таму сега веќе Петре беше го разгорел оганот, се направил жар достур, а и пцалтот Кушо беше го преварил дедот поп и го изнесол „воскресението“ надвор да му тропа на дедо поп кога ќе почне службата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Те осветлив и ми се стори како да сум те разгорил за некој што беше присутен во тој мрак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На Змејко не можеа да му поминат незабележано сите оние скришни мигнувања и кусите загрижени разговори меѓу тој извишен младич и неколцина од луѓето со сините комбинезони, од кои што тој навистина ниеднаш не успеа да дофати ниеден збор, но сосема добро ја гледаше таа игра меѓу масите на своето дуќанче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вечерашниов осамен истрел пак ги разгоре неговите мисли и ги подгреа неговите надежи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Денко, Бојан и Елена отидоа во колибата да го разгорат огинот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сепак, можеше да се измие, па попладнето стопли вода во котлето, го принесе до огништето дрвеното корито, го разгоре убаво огнот, пронајде во долапчето на ѕидот и малку сапунче, заостанато таму од летото, и се изми за првпат откако беше дојден потемелно, поубаво.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Омразата кон беговите во Крушевица и другите чифлизи, каде што робуваше неговото семејство, се разгоре во неговата бунтовничка душа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури да се разгори огнот, вели, и буричка во огнот, го сили, го осилува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Да запалиш огин, да разгориш жар, добрини на сегде да даруваш - дар.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Си ги зедов фанглата и мистријата, да ми се живи, си реков и продолжив да си работам како што си работев и пред тоа, мирно, спокојно... - ја чепна Илко со клечката лулата, ја разгоре, почна да трга и да исфрла кругови од чад што се распарчуваа низ одајата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Илко ја испуфка лулата, ја разгоре и рече: - Катастрофи имало и ќе има... - тргна неколку пати едноподруго на лулата и продолжи: - Мудрецот од Калкута кај кого работев, велеше: природата постојано ќе ни се свети...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И само по две, три потфаќања се увери дека под убаво измазнетото сало се кријат силни и итри мускули, и уште повеќе се разгори.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога се врати сличен на живо стебло со испреплетени ветки, го разгоре огнот и го помоли бедниот Герасим од Побожјане, домазет во нашето село, да раскажува за старите времиња: минал многу свет, го знае минатото. И рече дека нема веќе спиење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Тој сега лесно може да им ја разгори улавата крв и да ги урне врз мене со секира и со колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во ноќта повторно се разгори, пламна козјиот проблем.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од таму, невозможноста повторно да се разгорат огновите од 68-та: да дојде до повторно преиспитување на науката во судирот со самата власт - експлозивните контрадикции меѓу знаењето и власта (или откривањето на нивното шурување, што се сведува на исто) на универзитетот, а со самото тоа, со симболичната (повеќе отколку политичка) зараза, во севкупниот институционален и општествен поредок.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ариеловото мокрење, на пр., почнува како интересен фројдовски коментар за инфантилните корени на желбата да се разгори бурата, но толку често се повторува што сугерира дека не е ништо повеќе од лична детска потреба на режисерот да го малтретира гледачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А да го стореше тоа, беше свесен дека ќе ги разгореше непријателските апетити на своите дежурни непријатели од емигрантските и од јаничарските ешалони.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Повеќе