разгорува несв.
разгорување ср.

разгорува (несв.)

Кога стасаа другите двајца, Змејко веќе седеше крај печката, направена од големо бензинско буре, што се разгоруваше, а на ѕидот од греди висеше неговата пушка, сосема сува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пијанството, што го носеше крвта, сетена на острината од гладните секачи, завладуваше пред неговите очи над сите тие парталави, тела, а ударите на забите по секој празен заграб ги тераа да завиваат од таа ужасна грозница; беше една глад, кој ништо не беше во состојба да ја утоли; таа растеше со секој дофатен залак, таа побеснуваше во својот лудечки занес, разгорувајќи се, тука, пред неговиот прозорец, а нејзините писоци од болка и од настрвеност говореа и за можноста од тој испреплеткан јазел на крвавото беснило мнозина од нив да излезат и без своите сопствени колкови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Командантот го извади бележникот и напиша: „Драги Тале! Борбата се разгорува.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тој беше станат и го разгоруваше огнот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Есени, сам крај огниште Распретуваш нешто во пепелта, си мислиш, Гледаш како се буди огнот, како разгорува, Како се исполнува мракот околу тебе со илјадници искри, Како се искачуваат тие потоа по полиците, Меѓу дуњите, меѓу јаболките, И како згаснуваат уште при првиот допир Со синџирот што виси над огништето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Огнот се разгорува, кладата веќе потклекнува. Ѝ крцкаат, ѝ клецаат колената.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нека остане внатре да разгорува во тебе.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Среќа, си мислеше, што е замрачено и што тој седи така, наведнат и загледан пред себе, во жарчето на цигарата што ниту угаснуваше ниту се разгоруваше на врвот на долгиот килибарски чибук, па никој не може да насети што се случува со него и во него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Борбата сѐ повеќе се разгоруваше и колку повеќе се разгоруваше толку повеќе се оддолжуваше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ја наполнила пеглата со жарје и ја мавта во воздухот, ја разгорува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некои ненасито го разгоруваа својот страв со сладок очај.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јован Стојче-Столетников и Симон Наконтик го разгорувале огнот. Се намалувале, можело да се биде и помал виновник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Инаку, при пишување на желбите или тужбите немаше обичај да ги потпалува скараните странки, да потфрла „бензин” на огнот, да ја разгорува кавгата, но немаше обичај ни да ги смирува, да го гаси тој оган ако веќе вивнал...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Виделината нераскинливо ги поврзала раѓањето на синот и смртта на мајката, и додека растел, тој чувствувал како во него разгорува некоја жестина наследена од непознатата жена, која не стасал да ја нарече мајка...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ако не плампоти ламариненото ќумбе, го разгорувам со неколку дрвца и се нурнувам или во учебник или во книга или запишувам по нешто во Дневникот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Су не ја истисна Германија од сеќавањето на Еда, но го изгасна огнот што при сеќавањата го разгоруваа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Затоа пак светот женски крај огништето, павта и везден ја разгорува силата на жарот што тлее, оти огинот сам пат си отвора: додека сѐ пепел да се стори, за жената има надеж.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога пак ќе земеше Калија, например, да утлеисува, да го разгорува ќумурот во железната утија: или кога ја креваше жешката црепна вадејќи го врз пирустијата табакот со зелник: кога ќе се забревташе толчејќи со ќускијата слануток: или кога ќе се наведнеше полека и растреперено врз ковчегот со невестинската руба во кој сѐ уште имаше дел од чеизот, е тогаш, Бошко гледаше како шафранот од нејзиното лице станува божур, а белузлавите очи како трчаат од далечина и почнуваат да светат како жеравици.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Никој од учениците не криеше колку му ја разгорува таа младата фантазија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со оглед на чудните пресврти по пропаста на Отоманската империја, од Салоник кон Монастир се случувал прилив и одлив на сефардско население во миграции предивикани од воените плими и осеки на новиот 20 век најавен со воени случувања на Балканот, а потоа и со две големи војни што пламнаа низ целиот свет, а особено силно се разгоруваа на територијата помеѓу двата града.  Елеазар бен Цви, значи, ги знае сите факти од животот на монастирлиите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе