раздвиженост (ж.)
Лукава раздвиженост избликнува од нејзините зеници.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Беше и една пеколна тиштина, зад која што од сите страни продолжуваше да си постои онаа раздвиженост; тој сега го носеше и тоа како уште поморничаво бреме по угорницата, го сеќаваше како го дебне од зад секое дрво, но продолжуваше нагоре.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Децата трчаат наваму, натаму, давајќи му поголема веселост и раздвиженост на овој собир, жените одат една до друга, си разменуваат парчиња погачи, сирење, варено жито, а мажите, распоредени по маали, седат на зелената трева во големи кругови.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Најпосле, „дортмунтскиот“ од Атина пристигна. Настана трчање и општа раздвиженост на перонот и - наеднаш сѐ се среди.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Па сепак, раздвиженоста кај влезот а потоа и по ходниците, расфрланите хартии по скалите, растрчаноста на службениците, операцијата на расчистување што беше повеќе од очигледна, укажуваа дека некоја бура од цимолења и плач поминала помеѓу ѕидиштата и на ова здание и дека тоа се случило токму пред моето пристигање.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)