раздвижување (ср.)
Знаеше дека се такви и од сета игривост што ја имаа, во нивниот синџир беше собрана игривоста на целото тоа разденување, таа ги исполнуваше нивните само привидно стамени и одмерени движења, знаеше дека уште следниот миг дури да трпнеш можат да исчезнат, како изветреани, знаеше дека може да ги исплаши само едно мало сомнително раздвижување на воздухот, што не дошло од нив, бидејќи беа свесни дека се сами на тие своти вишини, дека тие се само нивни.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа, задолжувањето на сојовите од страна на спахиите со поделени парцели земја и издвоени стада говеда и овци, беше првото корисно раздвижување што дојде во Потковицата со Дамческите и за тоа и едните и другите ги благословуваа - на тој начин навистина приносите двојно се зголемија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа е едно ново раздвижување на границата на сатирата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Наредниот момент настана невидено раздвижување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
По клупата околу ѕидот проструи одвај забележливо раздвижување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Веднаш потоа настанало раздвижување.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во шеесеттите години се забележува засилено „националистичко” раздвижување во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во градот обично во саботите навечер имаше големо раздвижување.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Прифаќам, и мене раздвижувањето добро ќе ми дојде.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)