размисла ж.
размисли св.

размисла (ж.)

Мене колку ми е познато овој термин за првпат во размислата за поезијата го воведува Осип Мандељштам во есејот „Испад“, во кој дефинира неколку виални состојби во руската поезија и поезијата, воопшто.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Моќта на зборот и преку сликата да се доближи до мислата и размислата, е процес што егзистира во поезијата од нејзината праисторија: во генот на зборот е да формира слика, во смислата на сликата е да се крие нејзиниот прародител – светлината и сенката на неизречениот збор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Со други зборови би биле осиромашени за размислата на творечката преобразба и визија, за смислата на прогресот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тоа е фокусот од каде зачнува прекрасната игра и размисла, тоа е стожерот околу кој кружи химничноста на човековиот труд или мисла.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Книгата силно возбудува. И расплетот, со својата симболичност, нè води кон размислата за големите психополитички проблеми на Источна Европа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така, татко ми запаѓаше во химерични размисли за империите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се случуваше, тоа ретко, многу ретко се случуваше, татко ми по силна размисла, најчесто в зори, кога реско го напушташе сонот, во мигот кога се сменуваа денот и ноќта, силно да крикне!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овој театарски настан што Дишан го гледал во пролетта 1912 год. претставува доживелица од пресудно значење - како што подоцна објаснува самиот уметник - во формирањето на најраните размисли за „Големото стакло“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таа нова положба исто така пренасочува кон размислата за природата на осознавањето, неговите специфики и историчност, посебно поради тоа што постмодернистичката дилема и пресврт (замена на парадигмата) со право го релативизираат семоќниот дух (ум), неговиот непосреден примат над сетилното и (по општите претстави) од понизок ред сетилно осознавање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Така, преку размислите за Доне, стигна пак на почетокот - ами баба Петра, дали веќе чувствува дека никогаш нема да го види својот Костадин?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Внимателно продолжи да го слуша прекинувајќи ја својата размисла.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И тогаш западнав во некоја размисла за себеси, и веќе не ги слушав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И во тој миг узнав зошто со години сум се опседнувал самиот себеси со сликата на пајакот и неговата мрежа, и безброј часови сум минувал во размисла за смислата на делото на таа животинка: мрежа, со творецот на мрежата во нејзиното среде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Изгледа со себеси разговараше онака вистински раздвоен во размислите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Најблизок им беше на несреќните размисли. Со нив вечераше, со нив појадуваше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ми треба време за размисла, време за чудење.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Реков, од Маказар до главниот град имаше близу триста километри, не премногу, но доволно да се почувствува осаменоста, но од друга страна, и да се има дистанцата за размисла околу сопствениот и заедничкиот живот и животот на другите, на светот околу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Самиот си направив пишувало подолго од седумдесет години и како Башо дури сега осознав дека веќе вјавам на дооден коњ и дека зад мене, смрзната веќе, лази мојата сенка... Размисла
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Како божем јас бев единствениот кој заради своето однесување на привидната незаинтересираност или поади друга причина ѝ остава на размислата слобода таа него да го надополнува и да го дообјаснува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Многу слободна, дури и искривена интерпетација! – реков – Не стануваше збор за никакво счудовидување туку за обично разменување на размисли.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе