разубедува (несв.)
- Не прави се важен, - му довикна оној глас, - нема кој не паднал. Кејтеновиот син ја нишна главата кон земјата, а штом тоа ќе го правеше, тогаш беше попусто да го разубедува човек.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тој ја разубедуваше... Ѝ рече дека нема да може да стапи во никаков контакт со неа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Вербата твоја го разубедува, покривајќи ги неговите преплашени сомнежи, давајќи му сигурност, како што сонето со својот сјај ги осветлува црните лисја.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Никакво оправдување не ја разубедува поротата да ве осуди на смрт.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)