распрсне св.

распрсне (св.)

Стаклото се распрсна на триста парчиња и маслото со водата што беа во него го облеа целиот иконостас и душемето под него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Полките навреме ја сетија и се распрснаа пред нејзината остра муцка; зад нив остана само треперење на крилја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Преку мене прелета фрлената ламба и се распрсна крцкаво, страшно, како да се смееја коски од некоја гробница.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сакаше да сврти зад соседната улица; но сѐ што беше во него, од ветровиот вез во маслинките до последниот кикот на машинките, се распрсна во силен прскот, во тапо кршење, ѕвечење, крик, и сето тоа се слеа во татнеж и како лавина тргна во недогледна бездна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тамбурата се распрсна на парчиња, а од главата шурна крв и и го облеа лицето. Но Анѓа остана мирна крај ѕидот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога појде со стиснати усни низ стеблата, некој од селаните дофрли: „Оздрави и врати се, попе,“ тие танки, пајажести нишки не допреа до него, се распрснаа под зелените стеблаци и изгаснаа оставајќи ја недореченоста на луѓето да се грчи во некоја нивна внатрешна суводолица. Поп?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја дигна раката да ги избрише сите грижи од тоа чело и се здрви замрзнувајќи полека од стапалките: ноќната тишина се распрсна како стакло од остро, чепоресто `рзнување.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тогаш тековна експлозија ја распрсна Банк Отоман.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во темнината се појави фенер. Вознемирени силуети се распрснаа и се притаија во неосветлените агли на каушот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Првиот волк веќе сосем наближи кон плевната, а другите, како по договор, како да исполнуваат некој прецизно замислен план, се распрснаа лево и десно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Крај езерото каде што просторот е тесен, куќите се стиснале, се надјавнале една над друга, се туркале меѓу себе која подобро место да заземе, која понапред да излезе за да има што подобар поглед на езерото; другите се распрснале по околните места како солзи господови.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ќе ме дочекаа другарките и ќе се распрсневме да играме по улицата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Неколку дена подоцна директниот погодок на топовското ѓуле го распрсна по тврдата, заледена почва.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ходникот е замрачен, и зракот светлина што се пробива од дневната соба постепено се губи, пред прагот да се распрсне во бледа магла.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
А народот се раштркал и се распрснал, не знае кој пат да го фати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислев дека срцето ќе ми се распрсне од возбуда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во водурникавите очи на оној Адам Лесновец тивко живеела болест на вечно настинат човек - гледаш во него и не дишеш со мачен страв исчекувајќи да се распрсне и да остави на своето место жолта лочка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури и месечината да удреше во планински врв и да се распрснеше како фрлена диња на камен, не ќе се исплашев повеќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зошто со оргазмот, за Егото постои опасност од разградување на психичката сексуалност, која би се распрснала кога врз неа со жестина би почнало да делува недоволно прифатеното биолошко тело.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Брус Стерлинг (Bruce Sterling): „Единствена можност за опстанок на субкултурите е во тоа тие да се распрснат, да се разгранат колку што е можно повеќе.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Повеќе