растрои (св.)
Сега и да сакаше да се врати, навалите беа растроени, дејците позатворани, некои од нив и избиени.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Наеднаш Ана се свртува кон неговото лице. - Ти си растроен! Побргу в кревет!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Кон крајот на петнаесеттиот ден тој ги растрои нервите до толку колку што е потребно за да заживее во откинатиот простор на визијата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тој стана, го извлече пешкирот под перницата, го натопи со вода и му го стави на челото. - Треба да подремнеш. Моите брборења те растроија.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Од корен нѐ растрои, што се вели, ги поткопа и нашиот карактер и нашите навики.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тој не купил нови алишта, но затоа неколку пати се напил „англиска сол“ за да го растрои стомакот и на таков начин да ја промени бојата на лицето.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
КЛАУС: Пијте, пијте младичу. Растројте се малку. Многу сте стегнат.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Национализацијата на детето силно ја потресе мојата кутра женичка, но мене сосема ме растрои.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
- Хана, соземи се Хана ... па зар ќе дозволиш една ваква шеговита игра да ја растрои твојата личност?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)